РЕГИОН
5 мин читање
Во Собранието одбележана 30-годишнина од геноцидот во Сребреница
„Важно е да се разбере дека геноцид не е резултат на ирационално насилство или судир, туку длабоко структуиран општествено-политички процес, планиран со институционална поддршка и идеолошка подготовка“, потенцираше проф.др. Муамер Џанановиќ.
Во Собранието одбележана 30-годишнина од геноцидот во Сребреница
Во Собранието одбележана 30-годишнина од геноцидот во Сребреница / TRT Balkan
9 јули 2025

Во присуство на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, пратеници од различни политички партии, претставници на меѓународната заедница, претставници на академската заедница и културната јавност, како и други поканети гости, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој се одбележа 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, во Босна и Херцеговина.

Настанот го модерираше пратеникот Амар Мециновиќ, а свое учество со говор од собраниската говорница земаа претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачките невладини организации.

Претседателот Гаши во својот говор, нагласувајќи дека има особена чест, но и голема одговорност да се обрати на овој настан, рече дека дури и триесет години подоцна чувствуваат дека крвта сѐ уште не е исушена, солзите не престанале, а болката не исчезнала.

„Да се зборува за Сребреница воопшто не е лесно. Секој збор, секоја порака, секоја фраза што ќе ја изговорам е попразна и послаба, но и недоволна за да ја опише длабочината на болката што беше доживеана од 9 до 11 јули 1995 година во Босна“, рече Гаши.

Претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, Селма Ризвановиќ-Мандал, во својот говор рече дека поминаа три децении откако Сребреница, којашто требаше да биде град засолниште стана симбол на најголемата болка и срам на Европа. 

„Геноцид претставува систематско планско уништување на условите за живот на една цела популација, во овој случај бошњачката популација, нејзина опосада, масовно изгладнување, силувања и убивања“, рече Ризвановиќ-Мандал.

Таа додаде дека против негацијата на геноцидот во Сребреница, се борат со негување на културата на сеќавање, бидејќи денес како никогаш претходно е важно да се одбележува Денот на сеќавањето на жртвите на геноцидот во Сребреница.

„Ние како претставници на бошњачката заедница сме многу благодарни кон нашите сограѓани затоа што овие денови добиваме пораки на сочувство, но сепак за жал се уште се соочуваме со возменирувачки пораки на омраза и исмејување, дури и од одредени политички лидери, кои го нарекуваат геноцидот во Сребреница „некрофилски Дизвиленд“.Тоа е длабоко вознемирувачка порака за сите нас и сметаме дека длабоко го нарушува мултиетничкиот карактер во општеството. Исто така, сметаме дека отсуството на форумална едукација во образовниот систем остава простор за вакви пораки, како и дека оставка простор за разни пропагандни и ревизионистички политики на Балканот“, истакна Ризвановиќ-Мандал.

„Животот на нашите деца не е повреден од животот на палестинските деца“

Таа упати благодарност до Владата, бидејќи, како што рече, со усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, Владата покажала јасна определба кон вистината и зачувувањето на цивилизациските вредности. Меѓу другото, Ризвановиќ-Мандал реч дека тие како Бошњаци, нема да зборуваат од позиција на жртви, туку како народ што секогаш се борел против секој облик на национализмот и омразата, сметајќи дека тоа е борба за човештвото и човечките вредности.

„Животот на нашите деца, не е повреден од животот на палестинските деца, затоа не ве повкикувам само на сеќавање, ве повикувам на будност, на одговорност, на храброст. Да бидеме глас за оние што замолкнаа и никогаш не можеме да ги вратиме, но можеме да бидеме штит за оние што страдаат“, порача таа.

„Геноцидот не е злосторство на поединецот, туку на системот“

Директор на Институтот за истражување на злосторства против човечноста и меѓународното право при Универзитетот во Сараево, проф.др. Муамер Џанановиќ, рече дека геноцидот во Сребреница е најдокументираното злосторство во современата историја, истакнувајќи дека за него нема место за други наративи. Додаде дека за жал, и понатаму се трага по уште околу 1.000 жртви од геноцидот во и околу Сребреница, а дека „никој не открива каде се наоѓаат гробниците.“

„Важно е да се разбере дека геноцид не е резултат на ирационално насилство или судир, туку длабоко структуиран општествено-политички процес, планиран од горе кон долу со институционална поддршка и идеолошка подготовка. Всушност, геноцидот не е злосторство на поединецот, туку на системот. Затоа, негирањето на геноцидот во БиХ не е само постфестумска постапка на оправдување на злосторство, туку активна и системска политика во која учествуваат  политичките институции, медиумите, образовните системи, академската заедница и тн.. Токму затоа, борбата против негирањето на геноцдиот станува многу повеќе од правниот предизвик, тоа е борба за зачуввуањето на вистината, достоинство на жртвите и за иднината на БиХ како демократска и мултиетничка држава, но и предуслов за стабилноста за целиот регион на Западен Балкан“, заклучи Џанановиќ.

„Без признание нема простување“

Претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Македонија, Џевад Хот, рече дека сеќавањето на геноцидот во Сребреница е морална обврска, тоа е чин на човечност, но и предуслов за вистинско помирување и стабилен мир.

„Без признание нема простување, затоа е неопходно и денес да зборуваме за таа вистина, да ја кажеме јасно, да ги осудиме сите форми на негација, релативизација и националистичка пропаганда, кои го уриваат достоинството на жртвите и ја поткопуваат основата на демократијата и соживотот. Собранието на РСМ како дом на демократијата и дом на сите граѓани, со денешната комеморација и се приклучи на светската заедница во изразувањето на солидарност, во сочувство и поддршка на семејствата на жртвите, на преживеаните, но и на сите оние што 30 години живеат со болка, но сепак и со достоинство“, рече Хот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us