Светски ден на туризмот: Опоравување од најтешката криза во историјата
Додека масовниот туризам привлекува најмногу внимание, се повеќе се разговара за проблемите со одржливоста, особено на популарните дестинации кои стануваат мета на последици врз животната средина, природата и локалното население
Светски ден на туризмот: Опоравување од најтешката криза во историјата
Бројот на пристигнувања во туризмот достигна 84% од нивоата пред пандемијата / Photo: TRT Balkan
27 септември 2023

Туристичката индустрија продолжува да се опоравува од најтешката криза во досегашната историја бидејќи бројот на пристигнувања достигна 84% од нивоата пред пандемијата помеѓу јануари и јули 2023 година, покажуваат најновите податоци на Светската туристичка организација на Обединетите Нации - УНВТО.

Блискиот Исток, Европа и Африка го предводат закрепнувањето на глобалниот сектор. Најспоро враќање на посетителите од предпандемиските нивоа има во азискиот дел на Тихиот Океан.

Зошто 27 септември?

Светскиот ден на туризмот се одбележува секоја година од 1980 година. Датумот ја одбележува годишнината од усвојувањето на Статутот на Организацијата во 1970 година, отворајќи го патот за основање на УНВТО пет години подоцна.

Дополнително, 27 септември има значење бидејќи го означува преминот помеѓу високата туристичка сезона на северната хемисфера и почетокот на туристичката сезона на јужната хемисфера. Овој тајминг гарантира дека Светскиот ден на туризмот го привлекува вниманието и на воспоставените и на новите туристички дестинации.

Неопходна е одржливост во туризмот

Додека масовниот туризам привлекува најмногу внимание, се повеќе се разговара за проблемите со одржливоста, особено на популарните дестинации кои стануваат мета на последици врз животната средина, природата и локалното население.

Истовремено речиси секој десетти човек на планетата е вклучен во туристичката индустрија, но дури 50% од младите не може да се вработат поради структурните пречки како недостиг на ресурси, немање пристап до соодветно образование и ресурси.

„Туризмот никогаш не бил поважен за нашите економии или за нашите општества. Неговиот потенцијал е огромен. И така, на овој Светски ден на туризмот, ја славиме способноста на туризмот да го поттикне растот, истовремено истакнувајќи ја виталната потреба од инвестиции за да се обезбеди таков раст да биде инклузивен и одржлив“, посочи Зураб Пололикашвили Генерален секретар на УНВТО.

УНВТО ги идентификуваше инвестициите како еден од клучните приоритети за закрепнување на туризмот и идниот раст и развој. За Светскиот ден на туризмот 2023 година, УНВТО ја нагласува потребата од повеќе и подобро насочени инвестиции за луѓето, за планетата и за просперитет.

Сега е време за нови и иновативни решенија, а не само за традиционални инвестиции кои го промовираат и поткрепуваат економскиот раст и продуктивноста, посочува светското туристичко тело.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us