РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Пленковиќ и Рама го осудија нападот на северот на Косово
Односите помеѓу двете држави се оценети како квалитетни и пријателски.
Пленковиќ и Рама го осудија нападот на северот на Косово
Пленковиќ и Рама го осудија нападот на северот на Косово / Photo: AA
2 октомври 2023

Претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ го прими претседателот на Владата на Република Албанија, со кој разговараше за односите помеѓу двете држави, но и инцидентот на северот на Косово и неговите импликации на меѓународно ниво.

Односите помеѓу двете држави се оценети како квалитетни и пријателски. Хрватска пружа поддршка на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ, а денес двајцата премиери потпишаа договор во делот на социјалната политика и здравството.

Тема на разговорот беше и регионалната соработка и улогата на Хрватска како ЕУ и НАТО членка во регионот, безбедносните и економските состојби во регионот.

Тој ја поздрави подготвеноста на Хрватска да инвестира во јадранско-јонскиот гасовод и рече дека Црна Гора треба да биде вклучена во овој заеднички енергетски проект, кој е важен за регионот и Европа.

Премиерот Рама го осуди неодамнешниот инцидент на северот на Косово, во Бањска, во кој загинаа косовски полицаец и тројца напаѓачи.

„Убиството на полициски службеник на Република Косово од криминална група која до заби беше вооружена и влезе на територијата на Косово и Денот на жалост кој Белград го прогласи за членовите на групата кои се елиминирани од безбедносните сили на Косово се неоправдани и неприфатливи и мора да се осудат на сите можни нивоа“, изјави Рама.

Тој оцени дека со прогласувањето на Денот на жалост за лицата кои учествувале во убиството на полицаец на Република Косово, прогласувањето за херои од страна на официјален Белград и дека тоа е исто толку сериозен чин како и самиот напад што беше обид во северно од Косово. Порача дека движењето на српската војска кон границите на Косово поттикува понатамошни тензии, ги зголемува поделбите и оневозможува продолжување на прговорите во мирно решавање на проблемите.

Премиерот Рама порача дека од европско ниво би ребало да се преземат одредени мерки против Србија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, исто така, остро го осуди убиството на припадниците на косовските полициски сили од страна на „вооружени групи кои беа толку опремени што е јасно дека се работи за однапред испланирана операција, бидејќи со таква опрема и тој број луѓе, не одиш таму случајно“.

„Ваков сериозен инцидент е сигнал дека постојат сили кои сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата во Косово, односите на Србија и Косово и да ја дестабилизираат ситуацијата на југоистокот на Европа, не можеме тоа да не го гледаме надвор од поширок геополитички контекст во кој живееме денес“, изјави Пленковиќ. Тој порача дека поддржува цврст став на сите европски и меѓународни институции за подршка на Косово и целовитоста на неговата територија и спречување на понатамошна ескалација на судирите.

Пленковиќ оцени дека агресијата на Путин против Украина го забрза процесот на европска интеграција, особено кога станува збор за земјите од Источното партнерство кои аплицираа за членство, додавајќи дека Украина и Молдавија во моментов се гледаат низ истата институционална рамка како Албанија, Северна Македонија и други земји од Западен Балкан.

Тој потсети дека пред неколку месеци Европската комисија самостојно усвои мерки против Косово и оти смета дека „овој потег не може да остане без одговор и дека прогласувањето ден на жалост за тројцата терористи кои убија косовски полицаец е неприфатлив политички потег што е речиси идентификација со тоа што го направија“.

Плековиќ рече дека по деталниот извештај и меѓународната истрага за тоа што точно се случило на северот на Косово, ќе следуваат чекори во насока на санкции кон Србија од страна на ЕУ.

Премиерот Рама оцени дека Европската комисија треба веднаш да примени одредени мерки против Србија еднострано, без согласност на сите членки на ЕУ.

„Албанија ги цени искуствата што Хрватска може да ги пренесе во областа на туризмот, енергетиката, сајбер безбедноста, политиката за вработување и користењето на европските фондови за развој на земјоделството“, рече Рама.

Двајцата премиери разговарале за подобрување на транспортната поврзаност и економската соработка, со тоа што лани трговската размена меѓу Хрватска и Албанија достигнала речиси 170 милиони евра.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us