ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Првата црква изградена во ерата на Република Туркије се отвора во недела
Во 2019 година, на церемонијата на која присуствуваше турскиот претседател Ердоган, беше поставен темелот на православната црква „Свети Ефрем Сирин“ во Јешилќој, Истанбул
Првата црква изградена во ерата на Република Туркије се отвора во недела
Првата црква изградена во ерата на Република Туркије се отвора во недела / Photo: AA
5 октомври 2023

Првата црква изградена во ерата на Туркије како република ќе ги отвори вратите за верниците во недела.

На церемонијата во 2019 година, на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беа поставени темелите на православната црква „Свети Ефрем Сирин“ во Јешилќој на европската страна на Истанбул.

Саит Сусин, претседател на Фондацијата „Сириак Кадим“, во изјавата за Анадолу ја изрази својата возбуда поради отворањето на црквата.

Сусин истакна дека целиот процес на изградба на црквата траел 10 години.

Потсетувајќи се на краткото одложување на отворањето на црквата поради смртоносните земјотреси што ја погодија Туркије во февруари оваа година, Сусин рече: „Отворањето ќе го реализиравме на 19 февруари, но земјотресите на 6 февруари нѐ спречија. Беше голема трагедија за државата. Во такви околности не доаѓаше предвид да го реализираме отворањето.“

Тој истакна дека асирските заедници низ светот внимателно го следат овој процес, при што многумина изразија желба да присуствуваат на церемонијата на отворање.

„Постојано ни ѕвонат телефоните. Ова, исто така, е престиж за нашата земја. Праќа позитивна порака за предрасудите од странство во однос на нашата земја. Се надевам дека молитвите што се нудат овде ќе бидат инструментални за зајакнување на единството и заедништвото на нашата земја“, истакна Сусин.

Црквата, дизајнирана како проект на пет ката во празен простор на латинско-католичките гробишта, се наоѓа во Јешилќој во Истанбул.

Еден кат од петкатната црква е резервиран како културна сала за да се состанува заедницата по церемонии, како што се крштевки, погреби и свадби, како и за состаноци и конференции.

На приземјето се наоѓаат епископските конаци, собите за гости и паркингот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us