СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Во Газа убиени 560 Палестинци, Израел најави целосна блокада на енклавата
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека ќе воведе целосна опсада на Појасот Газа и дека палестинскиот регион нема да се снабдува со струја, храна, вода и гориво
Во Газа убиени 560 Палестинци, Израел најави целосна блокада на енклавата
Израелската армија потврди дека погодила над 500 цели во нападите врз Газа во текот на ноќта / Photo: AA
9 октомври 2023

Бројот на Палестинци кои загинаа во нападите на израелските сили во Газа се искачи на 560, соопшти Министерството за здравство со седиште во Газа.

Се наведува дека бројот на повредени лица се искачил на 2.751.

Министерството за внатрешни работи во Газа соопшти дека израелската армија ја „интензивирала својата агресија“ врз Газа со стотици напади.

Министерството потврди дека израелски цели во Газа биле станбени згради и јавни објекти, меѓу кои и џамии.

Израелската армија, од своја страна, потврди дека погодила над 500 цели во нападите врз Газа во текот на ноќта, за кои тврдеа дека биле позиции на групите Хамас и Исламски џихад.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека ќе воведе целосна опсада на Појасот Газа и дека палестинскиот регион нема да се снабдува со струја, храна и гориво.

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека Галант учествувал на состанок за проценка на оперативната ситуација во Јужната команда на израелската армија.

Наведувајќи дека и дал инструкции на војската, Галант рече дека Газа ќе биде целосно блокирана и нема да се снабдува со струја, храна или гориво.

Истовремено, Галант ги спореди Палестинците со животни.

„Ние се бориме против човеколики животни и ќе постапиме соодветно“, рече тој. Додека хебрејската верзија на говорот на Галант всушност ја вклучуваше фразата „животни“, англискиот превод на говорот објавен од израелската војска го користеше зборот „варвари“.

Министерот за енергетика Израел Кац одвоено нареди „веднаш да се прекине снабдувањето со вода во Газа“, рече неговиот портпарол во соопштението.

Наредбата на Кац дојде веднаш по наредбата на Галант за „целосна опсада“ на Газа, која добива околу 10 отсто од својата годишна вода од Израел.

Групата на отпорот Хамас во саботата утрото ја започна операцијата „Поплава Акса“ против Израел, истрелувајќи бараж ракети. Се наведува дека ненадејниот напад е одговор на упадот во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.

Како одмазда, израелската армија ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.

Според израелското Министерство за здравство, во борбите загинале најмалку 700 Израелци, а над 2.300 се ранети.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us