Граѓаните на ЕУ во фиоките чуваат 700 милиони стари мобилни телефони
Мобилните телефони се полни со скапоцени материјали, кои се сметаат за критични суровини, како што се ретки метали, кобалт, индиум, тантал, галиум и благородни метали. ЕК во нивното враќање во употреба гледа можност за посилна циркуларна економија.
Граѓаните на ЕУ во фиоките чуваат 700 милиони стари мобилни телефони
Европската комисија препорачува финансиски да се поттикне враќањето на старите мобилни телефони / Photo: AA
14 октомври 2023

Европската комисија им препорача земјите-членки да го охрабрат враќањето на старите и користени мобилни телефони, таблети, лаптопи и полначи. Тоа според ЕК ќе придонесе за зајакнување на циркуларната економија.

Се проценува дека во фиоките на европските домаќинства има околу 700 милиони стари мобилни телефони. Мобилните телефони се полни со скапоцени материјали, кои се сметаат за критични суровини, како што се ретки метали, кобалт, индиум, тантал, галиум и благородни метали.

„Повеќе од 700 милиони стари мобилни телефони се во нашите фиоки, речиси два по глава на жител. Граѓаните не знаат што да прават со нив“, рече комесарот за животна средина Вирџинијус Синкевичиус.

Тој рече дека треба да се преземат чекори за полесно да се вратат тие уреди, да се поправат и да се рециклираат.

Меѓу другото, комисијата препорачува финансиски да се поттикне враќањето на овие мобилни телефони, да биде можно тие да се вратат по пошта, да се зголеми видливоста на местата за собирање на стари електронски уреди и на граѓаните да им се објасни како безбедно да ги избришат нивните податоци од тие уреди.

Преку својот Зелен план, ЕУ бара да се откаже од пристапот „земи-произведи-фрли“. И да се премине кон јаглеродно неутрална, еколошки одржлива, нетоксична и целосно циркуларната економија до 2050 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us