СВЕТ
7 МИН ЧИТАЊЕ
Колку тешко е погодена економијата на Израел од војната во Газа?
Широката мобилизација на резервистите и масовните евакуации влијаат врз виталните економски сектори во Израел, а продолжениот и можеби повеќекратен конфликт може да го направи економското закрепнување на Израел уште потешко отколку во минатото
Колку тешко е погодена економијата на Израел од војната во Газа?
Локалната валута шекел достигна најниско ниво во последните 14 години / Photo: AA
1 ноември 2023

Уште пред еден месец, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предвиде нова ера на мир и просперитет на Блискиот Исток, врз основа на растечкото прифаќање на Израел во регионот.

Денес, во четвртата недела од војната меѓу Израел и Газа, оваа визија е уништена.

Според податоците од израелската армија, мобилизацијата на 360.000 резервисти и евакуацијата на 250.000 Израелци од нивните домови прекинаа многу бизниси.

Ресторани и продавници беа испразнети. Додека авиокомпаниите ги откажаа повеќето летови за Израел, туристите исто така ги откажаа своите патувања. Едно од главните полиња на природен гас беше затворено, фармите беа десеткувани поради недостигот на работници, а бизнисите отпуштија десетици илјади работници.

Израел вети дека ќе ја уништи Хамас- владејачката група во Газа која уби 1.400 луѓе и зеде повеќе од 240 заложници во нападот во јужен Израел на 7. октомври.

Израелските воздушни напади уништија цели населби во Газа и загинаа повеќе од 8.000 луѓе, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Економијата на Израел можеше да закрепне по претходните војни, но овој пат војната може да потрае подолго, можеби месеци, бидејќи декларираната мисија на војската е да стави крај на владеењето на Хамас, а не само да ги елиминира неговите борци.

Ескалацијата на конфликтот е конкретна закана. Израел моментално е вклучен во борби на ниско ниво на три дополнителни фронтови (Либан, окупираниот Западен Брег и Сирија). Продолжен и можеби повеќекратен конфликт може да го направи економското закрепнување уште потешко отколку во минатото. Дури и пред војната, економијата на Израел боледуваше“ од контроверзниот предлог на Нетанјаху за слабеење на судството.

Грантовите не се доволни

Израелското Министерство за финансии претстави план за економска помош, кој вклучува грантови од 1 милијарда долари за бизниси зафатени од војната. Критичарите велат дека тоа не е доволно и побараа пренасочување на некои од милијардите долари доделени според коалициските договори за пет проекти на ултра-ортодоксни и про-доселенички партии.

Оваа недела, група од 300 водечки економисти ги повикаа Нетанјаху и министерот за финансии Безалел Смотрич да ја „препознаат грешката што ја направиле“.

„Тешкиот удар врз Израел бара фундаментална промена во националните приоритети и масовно пренасочување на средствата за справување со штетите од војната, помош на жртвите и закрепнување на економијата“, велат тие во писмото, велејќи дека трошоците за време на војната би можеле да пораснат и да достигнат до милијарди долари.

Тие ги повикаа Нетанјаху и Смотрич „веднаш да го прекинат финансирањето на сите активности кои не се од витално значење за напорите за време на војната и за закрепнувањето на економијата, и што е најважно, буџетите утврдени со коалициските договори“.

Смотрич, водач на екстремно-десничарска партија, минатата недела изјави за израелското армиско радио: „Сè што не вклучува напори за време на војна и издржливоста на државата ќе биде запрено“. Но скептицизмот продолжува.

Технолошкиот сектор е во пад

Финансиските барометри даваат мрачна слика. Локалната валута шекел достигна најниско ниво во последните 14 години, додека индексот на квалитет на акции годинава падна за речиси 10 отсто. Технолошката индустрија, моторот на економскиот раст на Израел, беше во пад уште пред да започне војната.

„Фич Рејтингс“, „Мудис Инвесторс Сервис “ и „С&П“ во последните денови предупредија дека ескалацијата на конфликтот може да доведе до намалување на рејтингот на државниот долг на Израел.

Централната банка на Израел ја намали прогнозата за економски раст за 2023 година на 2,3 проценти од 3 проценти - под претпоставка дека борбите ќе бидат ограничени на југот на земјата.

Централната банка одвои 30 милијарди долари за зајакнување на шекелот. На брифингот за новинари оваа недела, гувернерот на Централната банка, Амир Јарон ја нагласи отпорноста на економијата, што тој ја карактеризира како „робусна и стабилна“.

„Израелската економија знаеше како да се опорави од тешките периоди во минатото и брзо да се врати на просперитетот, и не се сомневам дека тоа ќе го стори и овој пат“, рече Јарон.

Израил влезе во војната со девизни резерви од околу 200 милијарди долари. Дополнително, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сака Конгресот да одобри 14 милијарди долари како итна помош за Израел, најголем дел од тоа воено финансирање, покрај 3,8 милијарди долари што ги добива годишно.

Зголемување на инфлацијата

На почетокот на војната, Израел му нареди на Шеврон да го запре производството на полето за природен гас Тамар за да ја намали ранливоста од потенцијалните проектили.

Енергетскиот експерт Амит Мор процени дека исклучувањето може да го чини Израел 200 милиони долари месечно од изгубени приходи.

„Ако групата Хезболах во Либан се приклучи на војната со полна сила, тоа може да влијае на производството на две други полиња, вклучително и најголемото во Израел“, рече Мор.

Но тој не мисли дека војната би имала застрашувачки ефект врз понатамошното искористување на енергијата.

„Играчите се свесни за политичкиот ризик. Тој постоеше долго време“, рече тој.

Дури и пред избувнувањето на војната, Израел -претприемачко динамо со економија што им конкурира на земјите во Западна Европа- се бореше. Нејзините каси, некогаш надуени од технолошките инвестиции, беа потрошени со предложениот судски ремонт, кој се обидува да ги намали овластувањата на судовите во земјата. Владата вели дека судиите, кои не ги избира народот, имаат премногу моќ, а поддржувачите ова го сметаат за најсериозна контрола на овластувањата на политичарите.

Загриженоста за управувањето со Израел, зголемената инфлација и светското забавување на технолошките инвестиции минатата година, исто така, влијаеа врз економијата.

Владината израелска Управа за иновации направи проверка на пулсот на стартапите за време на војната и откри дека забавувањето на собирањето капитал, заедно со повикувањето на вработените во армиската резерва„претставуваат предизвик за значителен број високотехнолошки компании“, изјави главниот извршен директор Дрор Бин.

„Има компании кои се во опасност да се затворат во следните неколку месеци“, рече Бин.

ИЗВОР:TRT World
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us