РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Гир: Извештајот на ЕК за Северна Македонија е искрен, но правичен
Не е постигнат, или, пак, има ограничен напредок во владеење на правото, борба против корупција, реформи на јавната администрација и основните човекови права, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на прес-конференција со вицепремиерот Бојан Маричиќ
Гир: Извештајот на ЕК за Северна Македонија е искрен, но правичен
Сите разбираме дека проширувањето е во наш заеднички интерес, рече евроамбасадорот Гир / Photo: СЕП/РСМ
9 ноември 2023

Извештајот на ЕК се стреми кон тоа да даде јасна и објективна оценка за напредокот. Иако, потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за одредени области каде не е постигнат напредок или пак има ограничен напредок, особено во оние области кои што ние ги сметаме за толку важни што ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори како што се владеење на правото, борба против корупција, реформи на јавната администрација, и основните чевекови права, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година.

„Извештајот е искрен, но правичен, со тоа ние сакаме да ги охрабриме властите, државните иунстутции, како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите во интeрес на граѓаните и во интерес на патот кон членство во ЕУ“, рече Гир.

Извештајот, кој што го покрива периодот од доцната есен 2022 година до летото 2023, потенцира Гир, „доаѓа во контекст кога имаме значајна динамика во проширувањето, особено по незаконската руска агресија во Украина“, при што рече, „сите разбираме дека проширувањето е во наш заеднички интерес, се работи за просперитет, демократија, но и за стабилност и безбедност. Потврда за тоа се, рече евроамбасадорот, вчерашните историски препораки за почеток на преговорите со Украина и Молдавија“.

„Сакаме Северна Македонија да ја искористи оваа динамика, Извештајот доаѓа и во контекст на можности особено со Предлогот на Комисијата за Планот за раст за Западен Балкан. Сакаме Северна Македонија да ја искористи оваа можност“, рече Гир.

Што се однесува на суштината Извештајот е, нагласи тој, многу сеопфатен и е на 120 страници. Во делот на политичките критериуми, документот нотира дека државата продолжува да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата, додека се соочува со одредени предизвици во областа на владеењето на правото.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ на прес-конференцијата истакна дека вчера објавениот пакет за проширување на ЕК за 2023 година, за разлика од претходните години покрај Стратегијата за проширување и поединечните извештаи за вкупната подготвеност и напредок на секоја држава, кандидат или држава која што преговара за членство, вклучува уште еден дополнителен документ, Планот за раст на економите на ЗБ со што се воведува и една нова дополнителна динамика во процесот на интеграција во ЕУ.

„Силно го поздравуваме објавениот план за раст на економиите на ЗБ, за првпат имаме резервирани пари поврзани со реформите. 6 милијарди евра за целиот наш регион од кои една милијарда евра може да биде на располагање на РСМ. Планот за раст ќе ги засили нашата и регионалната економија , а со тоа и побрзо ќе се намалуваат значајните разлики со економиите на земјите членки од ЕУ,“ рече Маричиќ.

Со планот за раст, додаде тој, се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар.

Тоа значи дека нашите производи и услуги ќе почне да се пласираат на единствениот европски пазар под исти услови, како и државите членки на ЕУ и пред нашето официјално членство во ЕУ.

„Планот за раст е резултат на нашите барања и заложби. Ние веќе подолго време како држава кандидат баравме од ЕУ, а бараа и другите држави од регионот да може да користиме придобивки и можности од зачленувањето во ЕУ и пред да станеме членка, односно додека траат преговорите. Се сеќавате дека тоа беше и тема на забрзана интеграција или повеќе интеграција пред членство веќе подолг период. Заедничка цел наша и на ЕУ е до април 2024 година да се направи и прв трансфер на средства кон Северна Македонија и кон другите земји во регионот на ЗБ. Тоа значи дека ако продолжиме и забрзаме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од овој нов пакет веќе може да го имаме за пет месеци од сега“, рече Маричиќ.

Планот за раст е финансиска, но и политичка инвестиција на ЕУ во Северна Македонија и во нашиот регион, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us