РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост
Ќе продолжиме да покажуваме дека од корисник на безбедносни аранжмани пред триесет години, сега сме генератор на безбедноста и стабилноста и промотор на културата на дијалог, изјави премиерот при обраќањето на 42. Генерална конференција на УНЕСКО
Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост
Ковачевски е прв македонски премиер што се има обратено во УНЕСКО / Photo: Влада на РСМ 
9 ноември 2023

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на маргините на 42. Генерална конференција на организацијата, која се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Според владиното соопштение, Ковачевски е прв премиер од Северна Македонија што се има обратено во УНЕСКО, по 30-годишното членство на Северна Македонија во Организацијата на ОН за образование, наука и култура.

„Огромна е честа да бидам прв премиер од Република Северна Македонија што се обраќа од оваа говорница. Задоволството е дотолку поголемо што ова обраќање се случува во годината кога, како независна и самостојна држава, одбележуваме и триесет години членство во УНЕСКО“, рече Ковачевски, кој се обрати на македонски јазик.

Тој нагласи дека соработката со УНЕСКО датира од 1979 и 1980 година кога Охридскиот Регион влезе под закрила на УНЕСКО, кој е меѓу едно од вкупно 39 културни и природни наследства во светот.

Според него, императив е да се одржат интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион, во соработка со Центарот за светско наследство на УНЕСКО и заедно со Албанија да се биде пример за добрососедска соработка и во заштитата на ова и заедничко и универзално добро.

„На 45. сесија што се одржа во септември Комитетот на УНЕСКО за светско наследство го разгледа Извештајот за состојбата со заштитата на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и донесе Одлука со која Комитетот ги уважи нашите заеднички напори, но еднакво и одговорноста за Охридското Езеро и богатото културно наследство за зачувување на престижниот статус на светско наследство“, додаде тој.

Ковачевски рече дека изминатите 78 години УНЕСКО придонел за градење култура на мир, за искоренување на сиромаштијата, за одржлив развој и особено за меѓукултурен дијалог.

„Потсетувам на овие вредности затоа што денес, кога беснее војна во Европа и на Блискиот Исток и кога флагрантно се прекршени нормите и правилата на меѓународниот поредок, тие ни се потребни повеќе од кога било порано! Морална визија преточена во уште поопиплив и поефикасен мултилатерализам, кој секогаш и секаде ќе се спротивставува на одржувањето на структурите на нееднаквост, на неправдите и на која било форма на расизам!“, нагласи Ковачевски.

Меѓу другото, премиерот на Северна Македонија посочи дека демократскиот систем на вредности е под сериозна закана и дека ниту една држава, колку и да е моќна и силна, не може сама да се справи со глобалните предизвици на денешнината.

​​​​​​​Ковачевски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да биде активна во зајакнувањето на мултилатерализмот, во сите меѓународни организации каде што членува, а посебно во УНЕСКО.

„Ќе продолжиме да покажуваме дека од корисник на безбедносни аранжмани пред триесет години, сега сме генератор на безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко и промотор на културата на дијалог“, додаде претседателот на Владата на Северна Македонија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us