ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Водач на нарко картелот Компанио Бело уапсен во Истанбул
Дритан Реџепи го бараа властите во Италија и Албанија поради обвиненија за убиство, трговија со дрога, киднапирање, лишување од слобода, фалсификување патни исправи и незаконско држење оружје и муниција
Водач на нарко картелот Компанио Бело уапсен во Истанбул
Дритан Реџепи се барал со црвена потерница на Интерпол во Италија и Албанија / Photo: AA
10 ноември 2023

Дритан Реџепи, водачот на нарко-картелот Компанио Бело, кој се бараше со црвена потерница на Интерпол е уапсен во Истанбул, изјави во петокот турскиот министер за внатрешни работи.

„Реџепи го бараа властите во Италија и Албанија поради обвиненија за убиство, трговија со дрога, киднапирање, лишување од слобода, фалсификување патни исправи и незаконско држење оружје и муниција“, напиша министерот Али Јерликаја на Х.

Реџепи бил ставен под надзор од безбедносните сили откако влегол во Туркије преку аеродромот во Истанбул, при што користел колумбиски пасош под лажно име Бенџамин Омар Перез Гарсија.

Водачот на картелот беше пронајден благодарение на размената на разузнавачки информации со италијанската полиција, а потоа беше уапсен во полициска акција во областа Бејликдузу во Истанбул.

Познато е дека мрежата Компанио Бело е голем играч во шверцот на дрога од Јужна Америка во Европа.

Откако ја презеде функцијата овој јуни, Јерликаја ги истакна посилните напори за борба против организираниот криминал во Туркије.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us