СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Повторно е отворен одделот за дијализа во болницата Ал-Шифа во Газа
Израелската армија од болницата Ал-Шифа се повлекла на 24 ноември, откако 10 дена ја имала контролата над неа и уништила голем дел од болницата
Повторно е отворен одделот за дијализа во болницата Ал-Шифа во Газа
Министерството за здравство со исклучителни напори успеа повторно да го отвори одделот за дијализа / Photo: AA
28 ноември 2023

Министерството за здравство во Газа синоќа соопшти дека успеало повторно да го отвори одделот за дијализа во болницата Ал-Шифа и покрај големите штети предизвикани од израелската армија.

„И покрај огромната штета предизвикана од израелската окупација на инфраструктурата на болницата, Министерството за здравство со исклучителни напори успеа повторно да го отвори одделот за дијализа“, се вели во соопштението на Министерството.

Од Министерството ги повикаа сите пациентите на дијализа во градот Газа и северните области на Газа да се упатат во болницата Ал-Шифа за да добијат медицински третман.

Според локални извори, израелската армија од болницата Ал-Шифа се повлекла на 24 ноември, откако 10 дена ја имала контролата над неа и уништила голем дел од болницата.

Израелската армија извршила операции за пребарување низ болницата, тврдејќи дека палестинската група Хамас ја користела како команден центар. Ова обвинение армијата не успеа убедливо да го докаже, а Хамас пак категорично ги отфрли ваквите обвиненија.

Во понеделникот вечерта, Катар најави продолжување на хуманитарна пауза во Газа меѓу Израел и Хамас за дополнителни два дена.

Израел започна масовни воени напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според здравствените власти во енклавата, оттогаш уби најмалку 14.854 Палестинци, вклучувајќи 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us