РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Министерот Спасовски: Љупчо Палевски уапсен во Туркије
Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вечерва во Туркије, потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вечерашната прес-конференција во МВР.
Министерот Спасовски: Љупчо Палевски уапсен во Туркије
Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вечерва во Туркије, потврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вечерашната прес-конференција во МВР. / Photo: Фејсбук профил на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
5 декември 2023

Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вечерва во Туркије, потврди македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на вечерашната прес-конференција.

„Штотуку добивме известување од колегите од пријателска Турција (Туркије) дека креаторот, планерот, главниот координатор и директен извршител е фатен и лишен од слобода на нивна територија идентично со нашите оперативни сознанија во патеката на движењето на осомничениот“, рече министерот Спасовски.

Апсењето следува по меѓународната потерница за Палевски која Министерството за внатрешни работи ја распиша вчера.

„Љупчо Палевски роден на 12.12.1964 година во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, беше објавено на веб-страницата на МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно денеска до судот поднесе и предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор и против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил помагање на Љупчо Палевски – Палчо да избега во Туркије, преку Бугарија и Србија.

Малолетната Вања Ѓорчевска беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. Додека, велешанецот Панче беше пронајден истиот ден, по пријавата за исчезнување од 24 ноември.

Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени и четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.

Четворицата се спроведени од Истражниот затвор во Шутка, каде тројца се во притвор како осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, откако Судот претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело.

Таткото на 14-годишното девојче е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us