СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кремљ: Одлуката на ЕУ за Украина и Молдавија е обид да се изнервира Русија
Песков ја опиша одлуката за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Украина и Молдавија како „апсолутно политизирана одлука“ и додаде дека овој потег потенцијално може да ја дестабилизира ЕУ
Кремљ: Одлуката на ЕУ за Украина и Молдавија е обид да се изнервира Русија
Тој додаде дека Москва внимателно го следи развојот на настаните во овој поглед / Photo: AA
15 декември 2023

Кремљ во петокот објави дека одлуките на Европскиот совет за почеток на преговори за пристапување во Европската унија со Украина и Молдавија и да и се додели на Грузија кандидатски статус претставуваат обид да се „изнервира Русија“.

„Таквиот потег во голема мера се заснова на желбата дополнително да се изнервираат и антагонизираат овие земји кон Русија“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите во Москва.

Песков ја опиша одлуката за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Украина и Молдавија како „апсолутно политизирана одлука“ и додаде дека овој потег потенцијално може да ја дестабилизира ЕУ.

„ЕУ отсекогаш имала доста строги критериуми за влез и во овој момент е очигледно дека ниту Украина ниту Молдавија ги исполнуваат овие критериуми. ЕУ веќе минува низ не најдобри времиња во својата историја во однос на функционирањето и од економска гледна точка“, рече Песков.

Тој додаде дека Москва внимателно го следи развојот на настаните во овој поглед.

Во четвртокот, Европскиот совет го отвори патот за проширување на 27-члениот блок со најава за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и доделување кандидатски статус на Грузија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us