ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан разговараше со Вархеји: ЕУ треба да ги подобри односите со Туркије
Фидан изјави дека не е во ред што на Самитот на ЕУ минатата недела, наспроти очекувањата не се разговарало за Заедничката изјава за односите Туркије-ЕУ, подготвена од Комисијата на ЕУ и Жозеп Борел, а која е оставена за следниот самит
Фидан разговараше со Вархеји: ЕУ треба да ги подобри односите со Туркије
Фидан потсети дека очекуваат ЕУ што е можно поскоро да преземе конкретни чекори за прашања како што се ажурирање на Царинската унија / Photo: AA
18 декември 2023

Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан телефонски разговараше со Оливер Вархеји, комесарот на Европската унија задолжен за соседство и проширување.

Фидан и Вархеји разговараа за резултатите од состанокот на Советот за општи работи на ЕУ одржан на 12 декември и за резултатите од Самитот на ЕУ одржан на 14 и 15 декември.

Фидан изјави дека не е во ред што на Самитот на ЕУ одржан минатата недела, спротивно на очекувањата, не се разговарало за Заедничката изјава за односите Туркије-ЕУ, подготвена од Комисијата на ЕУ и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, а која е оставена за следниот самит.

Порачувајќи му на Вархеји дека Европската унија треба да покаже поправеден и повнимателен однос кон Туркије, Фидан нагласи дека ЕУ треба да дејствува од стратешка перспектива и да ги подобри односите со Туркије во овие денови кога глобалните предизвици се интензивираат.

Фидан потсети дека очекуваат ЕУ што е можно поскоро да преземе конкретни чекори за прашања како што се ажурирање на Царинската унија, зголемување на соработката во областа на инвестициите и овозможување визно олеснување.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us