Ќе возиме по Евро 7 стандардот, но со компромис околу загадувањето
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ќе возиме по Евро 7 стандардот, но со компромис околу загадувањетоГраѓанските здруженија и невладините организации кои се залагаат за чиста и зелена мобилност и натаму се надеваат дека до поднесување на финалниот текст на регулативата се можни измени и построги критериуми за загадувањето од возилата
Постигнат првичен договор за новата Евро 7 регулатива за сите видови  возила / Фото: AP
19 декември 2023

Европскиот Парламент и Европскиот Совет, како законодавна и извршна власт на ЕУ, постигнаа начелен договор за воспоставување на новата Евро 7 регулатива која ќе постави стандарди за сите видови на возила, но притоа направени се повеќе компромиси за ограничувањата за нивоата на загадување.

Позитивните исчекори на Евро 7 стандардот се што за првпат ќе се воспостават лимити за загадувањето кое го предизвикуваат гумите и сопирачките на возилото.

Истовремено со новата регулатива се наметнуваат повисоки стандарди за долготрајноста и издржливоста на електричните и хибридните мотори.

Во таа насока батериите ќе треба да задржат најмалку 80 отсто од првичниот капацитет по поминати пет години употреба или поминати 100 илјади километри. Капацитетот на батеријата може да падне до 72 отсто по осум години употреба и извозени 160 илјади километри.

Зелен изговор или исчекор во правилна насока

Една од главните критики на новата регулатива е што автомобилските производители ќе може да ги задржат актуелните лимити за загадување со азотни оксиди, јаглеродни моноксиди и хидрокарбонати за моторите на дизел и бензин кои датираат од 2014 година.

Така и „бензинците“ и „дизелашите“ кои загадуваат од 60 до 80 милиграми ПМ честички на километар сега ќе може да се претстават како возила кои го исполнуваат Евро 7 стандардот.

Граѓанските здруженија и невладините организации кои се залагаат за чиста и зелена мобилност и натаму се надеваат дека до поднесување на финалниот текст на регулативата се можни измени и построги критериуми за загадувањето од возилата.

Но, од друга страна земјите членки со развиена автоиндустрија сметаат дека построгите правила и пократките рокови за имплементација на првично предвидените стандарди ќе го погодат секторот на кој му е потребно време за транзиција кон зелена електромобилност.

Истовремено, тврдат дека така ќе се кренеа трошоците за производство што ќе ги погодеше крајните корисници на кои им се потребни пристапни цени на возилата.

„Преку овој договор, успешно постигнавме рамнотежа помеѓу еколошките цели и виталните интереси на производителите. Целта на преговорите беше да се обезбеди достапност на нови помали автомобили со мотори со внатрешно согорување за домашните клиенти и, во исто време, да и се овозможи на автомобилската индустрија да се подготви за очекуваната севкупна трансформација на секторот“, посочи европратеникот Александар Вондра.

Најгласни во овие аргументи била група од осум ЕУ членки предводена од Франција и Италија.

Крајните рокови според новите измени почнуваат да течат од 2030 година за автомобили и комбиња наместо од 2025 година, и од 1 јули 2031 година за автобуси и камиони.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us