РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
МВР почна со достава на лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје
Ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот), велат од МВР
МВР почна со достава на лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје
Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година / Photo: МВР на РСМ
26 јануари 2024

Министерство за внатрешни работи со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

Од МВР потенцираат дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

„Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот)“, велат од МВР.

Од министерството претходно информираа дека личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година.

„МВР како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет. За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“, соопштија неодамна од МВР.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us