РЕГИОН
2 мин читање
Владата донесе одлука за активирана Фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови
Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, работодавачите по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време и да се обезбеди климатизиран превоз за граѓаните во текот на целиот ден, рекоа од Владата
Владата донесе одлука за активирана Фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови
Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ мора редовно да информира за состојбата со топлотниот бран / AA
24 јуни 2025

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030.

„Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во нивна надлежност за спроведување на мерките предвидени во Фаза 3 од Акцискиот план“, соопштија од Владата.

Според одлуката, Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно треба да информира за состојбата со топлотниот бран, да се активираат планови за вонредни услови, а сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Во однос на работните услови и заштита на работниците, се предлага да се разгледа можноста за одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина; како и работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо.

„Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку, ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа, да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина“, соопшти Владата.

Се препорачува здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените.

„Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица; образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот; работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време; да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден“, рекоа од Владата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us