СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Израел уби 20 Палестинци во напад врз луѓе што чекаа помош во Газа
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека израелската војска ги нападнала Палестинците кои чекале хуманитарна помош на Кувајтската крстосница во Појасот Газа
Израел уби 20 Палестинци во напад врз луѓе што чекаа помош во Газа
Во нападите досега се убиени најмалку 31.341 Палестинци, од кои најмалку 13.500 деца и 9.000 жени / Photo: AA
15 март 2024

Израелската војска уби 20 и рани најмалку 155 Палестинци пукајќи кон луѓето што чекале хуманитарна помош, јавува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се вели дека израелската војска ги нападнала Палестинците кои чекале хуманитарна помош на Кувајтската крстосница во Појасот Газа.

Во нападот животот го загубиле 20 Палестинци, а најмалку 155 се ранети.

Министерство за здравство во Газа истакнува дека овој напад укажува на однапред планираната намера на Израел да изврши нов и пострашен масакр.

Во соопштението се вели дека процесот на евакуација на загинатите и повредените продолжува и покрај тешката ситуација на теренот, истакнувајќи дека бројот на убиени би можел да се зголеми поради тешката здравствена состојба на повредените што се донесени во болница.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, десетици луѓе се убиени и повредени во нападот на Израел врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени најмалку 31.341 Палестинци, од кои најмалку 13.500 деца и 9.000 жени, а 73.134 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни средства за опстанок.

Се претпоставува дека под урнатините сѐ уште се наоѓаат илјадници мртви.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да преземе мерки за спречување на геноцид.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со ненамален интензитет, особено се напаѓа цивилната инфраструктура, при што цел се болниците и образовните установи во кои се засолнети Палестинците.

Во исто време, испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us