Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) заедно со локалните власти од утре до петок ќе бидат организатори на Балканскиот шампионат во одбојка на песок за одбојкари и одбојкарки до 22 години што ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово.
Осум екипи во машка конкуренција и седум женска од Македонија, Албанија, Косово, Туркије, Романија и Молдавија го пријавија учеството на Балканијадата.
Според програмата утре и в четврток претпладне се играат прелиминарните натпревари и елиминациите, додека петокот е резервиран за финалните дуели и распределбата на медали.
„ОФМ и општина Тетово како технички организатор за потребите на Балкантаијада го „преуредија“ градскиот плоштад во Тетово во терен за одбојка на песок, кој во следните три дена треба да донесе голем број на возбудувања, соопшти Одбојкарската федерација