СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Убиени се 14.280 деца во израелските напади на Газа во текот на 170 дена
Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа во текот на 170 дена, убиени се 32.226 лица, од кои 14.280 деца и 9.340 жени.
Убиени се 14.280 деца во израелските напади на Газа во текот на 170 дена
Убиени се 14.280 деца во израелските напади на Газа во текот на 170 дена / Photo: AA
25 март 2024

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега, убиени се 14.280 децa.Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа ги претстави најновите податоци за нападите што Израел ги спроведува врз Појасот Газа веќе 170 дена.

Според Канцеларијата за медиуми, од 7 октомври израелската армија извршила 2.848 масакри врз беспомошниот палестинските цивили, деца и жени во Појасот Газа.

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа во текот на 170 дена, убиени се 32.226 лица, од кои 14.280 деца и 9.340 жени.

Повредени се 74.518 Палестинци.

Статистички 73% од жртвите на израелските напади се жени и деца, а меѓу убиените се и 364 здравствени работници, 48 припадници на цивилната одбрана и 136 новинари. Досега во Газа од глад починале 27 деца.

Околу 7.000 луѓе се водат за исчезнати или заробени под урнатините.

Во Појасот Газа се регистрирани 17.000 деца кои останале без еден или двата родители.

Поради колапсот на здравствениот систем, 10.000 заболени од рак се соочуваат со смрт. Бројката на повредени на кои им е потребен лекарски третман надвор од Газа достигна 11.000.

Околу 700.000 луѓе се разболеле од заразни болести, а 8.000 од вирусен хепатитис поради раселувањето.

Покрај тоа, во животна опасност се 60.000 бремени жени кои се лишени од лекарска грижа и 350.000 хронични пациенти за кои нема лекарства.

32 болници и 53 здравствени домови не работат, а цел на напади се 158 здравствени установи. Израелските војници приведоа 269 медицински лица и 12 новинари.

Од 7 октомври досега, Израел фрли 70.000 тони бомби врз цивилни населби во Газа, уништувајќи големи површини.

Поради израелските бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа раселени се два милиони луѓе.

Во израелските напади целосно се уништени 168 јавни згради, 100 училишта и универзитети, 224 џамии, три цркви, 200 историски споменици и 70.000 станови.

Делумно се разурнати 305 училишта и универзитети и 290 џамии, а 290.000 куќи се непогодни за живеење.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us