СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бајден до Нетанјаху: Напади врз хуманитарци се неприфатливи
За време на телефонскиот разговор во четвртокот Бајден посочил дека идната американска политика ќе зависи од спроведувањето на неопходните реформи од страна на неговиот колега.
Бајден до Нетанјаху: Напади врз хуманитарци се неприфатливи
Претседателот дополнително се заложи зад итен прекин на огнот  / Фото: Reuters
4 април 2024

Американскиот претседател Џо Бајден му пренел на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека убиството на хуманитарните работници во Газа е „неприфатливо“.

За време на телефонскиот разговор во четвртокот Бајден посочил дека идната американска политика ќе зависи од спроведувањето на неопходните реформи од страна на неговиот колега.

Бајден „нагласи дека нападите врз хуманитарните работници и целокупната хуманитарна ситуација се неприфатливи“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Коментарите доаѓаат откако Израел изврши напади во вторникот врз хуманитарен конвој во центарот на Газа во кој загинаа седум хуманитарни работници во, како што го нарече основачот на групата „директен напад врз јасно обележани возила чии движења биле познати од израелските одбранбени сили“.

Белата куќа соопшти дека Бајден „јасно ја кажал потребата Израел да објави и спроведе серија конкретни и мерливи чекори за справување со цивилната штета, хуманитарното страдање и безбедноста на хуманитарните работници“.

„Тој јасно стави до знаење дека политиката на САД во однос на Газа ќе биде одредена од нашата проценка за непосредната акција на Израел по овие чекори“, се вели во соопштението.

Претседателот дополнително се заложи зад итен прекин на огнот за да се запре насилството во енклавата „за да се стабилизира и подобри хуманитарната ситуација и да се заштитат невините цивили“.

Тој го замоли Нетанјаху „да ги овласти своите преговарачи да склучат договор без одлагање за размена на заложниците “.

Хамас претходно во четвртокот рече дека сè уште нема напредок во индиректните разговори со Израел за договор за прекин на огнот бидејќи Тел Авив е „непопустлив“ и го отфрли секој изнесен предлог.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us