РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Рама- Макрон: Развој на инвестициите и соработка во технологијата
Рама во Париз ќе оствари серија состаноци насочени кон промовирање на потенцијалната и позитивна клима што Албанија ја нуди на странските инвеститори, а лидерите на двете земји ќе разговараат и за соработката на полето на технологија и иновации
Рама- Макрон: Развој на инвестициите и соработка во технологијата
Се очекува на средбата Рама и Макрон да бидат потпишани неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји / Photo: AA
12 април 2024

Албанскиот премиер Еди Рама во петокот ја почна дводневната официјална посета на Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што соопштија од кабинетот на премиерот, Рама ќе оствари низа состаноци насочени кон промовирање на потенцијалната и позитивна клима што ја нуди Албанија за развој на странски инвестиции, како и во перспектива на соработка меѓу двете земји во областа на технологијата и иновациите.

Се очекува на средбата Рама и Макрон да бидат потпишани неколку меѓувладини договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји.

За време на средбата ќе бидат претставени дел од приоритетните области за инвестирање во Албанија, од заеднички интерес за двете земји, а потоа Рама ќе оствари индивидуални средби со претставници на многу компании.

Во делегацијата предводена од Рама се министерката за образование и спорт Огерта Манастирлиу, министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро, министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџе, министерот за локална самоуправа Арбјан Мазнику, како и министерот за јавна администрација и Анти-корупција Адеа Пирдени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us