СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кинеските сопственици на ТикТок нема да потклекнат пред притисоците од САД
Американскиот Сенат доцна синоќа усвои нацрт-закон што може да доведе до забрана на социјалната мрежа ТикТок, освен ако сопственикот на кинеската компанија не ја продаде платформата за споделување видео содржини
Кинеските сопственици на ТикТок нема да потклекнат пред притисоците од САД
БајтДенс не планира да го продава ТикТок  / Фото: Reuters
26 април 2024

Кинеската матична компанија на ТикТок, БајтДенс, рече дека нема намера да ја продава апликацијата откако Соединетите Американски Држави (САД) усвоија закон со кој ја принудува компанијата да ја продаде особено популарната платформа за споделување видеоснимки или „да биде забранета во Америка“

„БајтДенс не планира да го продава ТикТок“, објави компанијата, пренесува Би-би-си.

Дваесет отсто од акциите на БајтДенс се во сопственост на неговите основачи и кинески инвеститори, 60 отсто од глобалните инвеститори и 20 отсто од вработените.

Американскиот Сенат доцна синоќа усвои нацрт-закон што може да доведе до забрана на социјалната мрежа ТикТок, освен ако сопственикот на кинеската компанија не ја продаде платформата за споделување видео содржини.

Американскиот Си-би-си њуз објави дека законот му дава на БајтДенс, кинескиот сопственик на ТикТок, девет месеци да го продаде својот удел, со потенцијален дополнителен тримесечен грејс период, или апликацијата ќе биде забранета во САД.

Претставничкиот дом веќе ја одобри мерката на 20 април, а претседателот Џо Бајден, исто така, го потпиша законот во средата.

Законот е усвоен поради сомнение дека БајтДенс може да споделува податоци за американските корисници со кинеската Влада.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us