СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најголем олимписки тим на бегалци на Олимпијадата во Париз
Тимот кој го прогласи Меѓународниот олимписки комитет ќе биде составен од 36 спортисти од 11 земји. За прв пат олимпискиот тим за бегалци беше воведен во 2016 година на олимпијадата во Рио де Женеиро.
Најголем олимписки тим на бегалци на Олимпијадата во Париз
Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука за настап на тим на бегалци на олијмпијадата во Париз / Photo: AA
3 мај 2024

Меѓународниот олимписки комитет во четвртокот го прогласи досега најголемиот олимписки тим за бегалци кој ќе учествува на олимписките игри во Париз.Олимпискиот тим има 36 спортисти.

„Честитки до сите вас. Ви посакуваме добредојде, олимписки тим за бегалци на МОК со отворени раце и отворени срца. Вие сте збогатување за нашата Олимписка заедница и за нашите општества. Со вашето учество на Олимписките игри, ќе го покажете човечкиот потенцијал на издржливост и извонредност. Ова ќе испрати порака на надеж до повеќе од 100 милиони раселени луѓе ширум светот “, рече претседателот на МОК, Томас Бах по претставувањето на тимот на церемонијата што се одржа во Лозана, Швајцарија.

Според Бах учеството на овој тим ќе ја зголеми свеста кај милиони луѓе ширум светот за големината на бегалската криза. Тој ги охрабри навивачите да го поддржат тимот.

Овој тим ќе го претставува раселеното население во светот од над 100 милиони луѓе на Олимписките игри во Париз ова лето.

36-те спортисти од 11 различни земји на потекло ќе се натпреваруваат во 12 спортски дисциплини во Париз 2024 година, како што се пливање, атлетика, бокс, друмски велосипедизам, џудо, теквондо, кревање тегови и борење.

Олимпискиот тим за бегалци по трет пат ќе се натпреварува на Олимпијадата, бидејќи беше воведен во Рио де Женеиро во 2016. Составен од 10 спортисти за Летните игри во Бразил. Во Токио во 2020 година учествуваа 29 раселени спортисти.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us