СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Седуммина загинати и 40 повредени при напад со украински дрон во Белгород
Во руската погранична област биле нападнати два автобуси и патнички автомобил што превезувале луѓе на работа.
Седуммина загинати и 40 повредени при напад со украински дрон во Белгород
Истражниот комитет започна истрага за инцидентот со украинско беспилотно летало / Photo: AA
6 мај 2024

Најмалку седум лица загинаа, а 40 други се повредени во напад со украинско беспилотно летало во руската погранична област Белгород, соопштија денеска локалните власти.

„Во моментов има информации за седум загинати вработени во фармите Грајворонски и Борисов“, изјавија од прес-службата на групацијата компании ГК Агро-Белогорје за руската државна новинска агенција ТАСС.

Според гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, два автобуса и патнички автомобил што превезувале луѓе на работа биле нападнати со беспилотни летала во близина на селото Березовка во областа Борисовски во регионот.

Тој рече дека меѓу повредените има две деца со површни повреди, додека на маж со продорна абдоминална рана му е извршена операција.

Останатите, додаде тој, кои се здобиле со рани од шрапнели со различна тежина, со брза помош биле пренесени во регионалните медицински установи.

Заменик-министерот за здравство Алексеј Кузњецов изјави за новинарите дека бројот на повредени се искачил на 40, од кои 30 се хоспитализирани, додека 10 добиле амбулантна медицинска помош.

Истражниот комитет започна истрага за инцидентот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us