СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Блинкен: Авионите Ф-16 ќе летаат на украинското небо веќе ова лето
Генералниот секретар на САД Блинкен на самиотот на НАТО во Вашингтон посочи дека за него успех е независна и силна Украина, интегрирана во НАТО и Европската унија и која „стои на свои нозе и економски и демократски“
Блинкен: Авионите Ф-16 ќе летаат на украинското небо веќе ова лето
Блинкен изјави дека испраќањето одбранбени системи во Украина, како системот Патриот, е од клучно значење за одбраната / Photo: AA
10 јули 2024

Американскиот генерален секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека испраќањето одбранбени системи во Украина, како системот Патриот и други, е од клучно значење за одбраната на инфраструктурата и на украинскиот народ, како и на нејзината армија.

„Клучот е да се отклучат економските инвестиции во Украина. Тоа е работа број еден за Украина и Алијансата, но тоа е само дел од пакетот што го составивме“, рече Блинкен во Вашингтон на Самитот на НАТО.

Тој рече дека „во овој момент“ пратката на борбени авиони Ф-16 обезбедени од Данска и Холандија оди за Украина.

„Тие ќе летаат над Украина веќе ова лето“, рече Блинкен.

Во соопштението на лидерите на САД, Холандија и Данска се вели дека данската и холандската влада се во процес на донирање на Ф-16 од американско производство на Украина, со поддршка од САД.

„Процесот на трансфер на овие Ф-16 сега е во тек, а Украина летово ќе користи оперативни Ф-16. Во моментов не можеме да дадеме дополнителни детали поради оперативни безбедносни грижи. Ние сме посветени на натамошно подобрување на воздушните капацитети на Украина, кои ќе вклучуваат ескадрили на модерни авиони со повеќе намени од четвртата генерација Ф-16“, се вели во соопштението.

Блинкен посочи дека за него успех е независна и силна Украина, интегрирана во НАТО и Европската унија и која „стои на свои нозе и економски и демократски“.

„Украина е на тој пат. Имаме обемен пакет кој го гради мостот на Украина кон НАТО“, рече Блинкен.

Секретарот оцени дека економската траекторија на Украина е во „критична“ состојба, бидејќи Украина има капацитет да управува со одбранбена индустрија и за себе и за другите, но дека „физичките инвестиции“ мора да бидат заштитени.

Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Вашингтон, каде што на 9, 10 и 11 јули алијансата ја слави 75-годишнината од формирањето.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us