РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски од Вашингтон: Ја потврдуваме посветеноста на промовирање на мирот
Остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, рече Мицкоски пред почетокот на работниот дел од вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон
Мицкоски од Вашингтон: Ја потврдуваме посветеноста на промовирање на мирот
За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата / Photo: Влада на РСМ
10 јули 2024

За нас како малоброен народ е важно на овој собир да ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и ние ќе го дадеме својот придонес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјавата пред почетокот на работниот дел од вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата, најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја. Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право“, изјави премиерот.

Тој истакна дека како малоброен народ сакаме да потврдиме дека она кое што за нас е важно е во деновите во кои што во Вашингтон ќе се разговара за важните прашања да ги донесеме најзначајните одлуки, кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади.

„И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и македонските граѓани. Она кое што исто така сакам да го потврдам, е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто кое што е многу важно, бидејќи само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата Светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела“, рече Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us