СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ФИФА ја одложи одлуката за предлогот на Палестина за суспензија на Израел
Од ФИФА информираа дека одложувањето на одлуката е по барањето за продолжување на времето за поднесување на ставовите од двете страни, што значи дека израелската фудбалска репрезентација може да игра на Олимписките игри во Париз
ФИФА ја одложи одлуката за предлогот на Палестина за суспензија на Израел
Палестинската фудбалска асоцијација во мај, за време на 74-от Конгрес во Бангкок на итна суспензија на Израел / Others
19 јули 2024

Светското раководно тело за фудбал, ФИФА, во четврток ја одложи одлуката за барањето на Палестинците да го суспендира Израел од меѓународниот фудбал.

„Независна правна проценка на предлогот на Палестинската фудбалска асоцијација против Фудбалскиот сојуз на Израел требаше да биде поднесена до Советот на ФИФА до 20 јули 2024 година“, се вели во соопштението на ФИФА.

„По барањето за продолжување на времето од двете страни за поднесување на нивните ставови, кое беше соодветно одобрено од ФИФА, потребно е повеќе време за да се заврши овој процес целосно и со должно внимание“, се додава во соопштението.

ФИФА додаде дека оценката ќе биде споделена до Советот на ФИФА за секоја наредна одлука најдоцна до 31 август.

Според тоа, израелската фудбалска репрезентација може да игра на Олимписките игри во Париз, кои ќе започнат на 26 јули.

Во мај, за време на 74-от Конгрес во Бангкок, претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација Џибрил Раџуб повика на итна суспензија на Израел од светската фудбалска управа.

„Колку повеќе треба да трпи палестинското фудбалско семејство за ФИФА да дејствува со иста сериозност и итност како и во другите случаи? Дали ФИФА смета дека некои војни се поважни од другите, а некои жртви се позначајни?“, праша Раџуб.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 38.848 Палестинци.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us