СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Европските лиги и ФИФПРО ќе ја тужат ФИФА
Европските лиги и ФИФПРО Европа веруваат дека меѓународниот календар на натпревари сега е презаситен, стана неодржлив за националните лиги и претставува ризик за здравјето на играчите
Европските лиги и ФИФПРО ќе ја тужат ФИФА
Од ФИФА се бранат дека актуелниот календар бил едногласно одобрен од Советот на ФИФА по опсежни консултации со ФИФПРО и телата на лигата / Others
23 јули 2024

Европските лиги и Меѓународната организација на професионални фудбалери (ФИФПРО) најавија жалба до антимонополските регулатори на ЕУ против меѓународниот календар на натпревари на ФИФА.

Потегот на двете тела следи по правната постапка на синдикатот на англиските, француските и италијанските играчи против ФИФА за истото прашање во Стопанскиот суд во Брисел минатиот месец.

Во наредните недели ќе биде поднесена жалба до Европската комисија, која делува како тело за спроведување на пазарната конкуренција во ЕУ, изјави лице кое има директно знаење за ова прашање.

Европските лиги и ФИФПРО Европа веруваат дека меѓународниот календар на натпревари сега е презаситен, стана неодржлив за националните лиги и претставува ризик за здравјето на играчите.

„Жалбата ќе објасни дека однесувањето на ФИФА го прекршува правото на ЕУ за конкуренција и особено претставува злоупотреба на доминацијата. ФИФА има двојна улога и како глобален фудбалски регулатор и како организатор на натпревари. Ова создава конфликт на интереси“, велат тие.

Меѓународната фудбалска асоцијација сe брани дека актуелниот календар беше едногласно одобрен од Советот на ФИФА по опсежни консултации, во кои беа вклучени ФИФПРО и телата на лигата.

„Календарот на ФИФА е единствениот инструмент кој гарантира дека меѓународниот фудбал може да продолжи да опстојува, коегзистира и напредува заедно со домашниот и континенталниот клубски фудбал“, изјави портпаролот на ФИФА.

„Некои лиги во Европа, самите организатори и регулатори на натпревари, дејствуваат во комерцијални интереси, лицемерно и без да внимаваат на сите останати во светот. Тие лиги очигледно претпочитаат календар исполнет со пријателски и летни турнеи, кои често вклучуваат обемни глобални патувања“, додаде ФИФА.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us