СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Нема шанса за оние што сакаат регионот да го претворат во крв
„Одлучни сме докрај да ги заштитиме нашата татковина, нација, државни и национални интереси со преземање на сите неопходни мерки на претпазливост против експанзионистичките амбиции што повторно се појавуваат“, рече Ердоган.
Ердоган: Нема шанса за оние што сакаат регионот да го претворат во крв
Ердоган: Нема шанса за оние што сакаат регионот да го претворат во крв / Photo: AA
1 август 2024

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека земјата останува извор на безбедност за своите граѓани и пријатели и дека нема да им даде шанса за успех на оние што сакаат да го претворат регионот во море од крв, јавува Анадолу.

Ердоган ја предводеше делегацијата на Врховниот воен совет на Туркије во посета на Аниткабир, мавзолејот на основачот на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк.

Посетата беше организирана пред почетокот на седницата на Советот, која ќе се одржи во Претседателскиот комплекс во Анкара, а турскиот претседател Ердоган напиша и порака во Книгата на впечатоци во Аниткабир.

Оддавајќи им почест на основачот на Републиката, Ататурк и на сите загинати херои што ги дадоа своите животи за независноста на Туркије, Ердоган во својата порака посочи дека земјата продолжува да се истакнува како столб на мирот и стабилноста во критичниот период во регионот кога се случуваат конфликти и политички атентати.

„Одлучни сме докрај да ги заштитиме нашата татковина, нација, државни и национални интереси со преземање на сите неопходни мерки на претпазливост против експанзионистичките амбиции што повторно се појавуваат. Нема да им дадеме шанса на оние што сакаат да го претворат нашиот регион во море од крв и ќе продолжиме да бидеме извор на доверба за нашите граѓани, како и за нашите пријатели“, рече Ердоган.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us