КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Што е мирен туризам и зошто македонската понуда изби на врвот?
Туристите сè повеќе бараат спокојни и мирни средини, со чиста природа и низок степен на бучавост, што тур-операторите и агенциите треба да го искористат како предност за привлекување нови посетители
Што е мирен туризам и зошто македонската понуда изби на врвот?
Токму меѓу најбараните дестинации за мирен вид на туризам се македонските туристички локации / Фото: TRT Balkan
27 август 2024

Еден од најизразените трендови во туризамот во изминатите години, а особено по пандемијата со Ковид-19 е барање на нови локации кои се атрактивни, но не се меѓу најпосетените, за да се избегнат популарните атракции за кои се чека во ред со часови, како и да се посетат места кои имаат ниско ниво на бучавост.

Токму меѓу најбараните дестинации за мирен вид на туризам се македонските туристички локации, мерено според побарувачката на специјализираниот туристички веб-сајт Bokun кој е дел од групацијата на Trip Advisor.

Според нивните анализа во последните 10 години, најголем раст на интересот има за македонките туристички дестинации од неверојатни 183%.

Тоа се должи на зголемениот интерес за туристичкиот центар Охрид со едно од најстарите природни езера во Европа, како и останатите привлечни природни убавини и секако градот Скопје кој добива посебен вид на популарност на социјалните мрежи, благодарение на големиот број на нови статуи и споменици кои беа поставени како дел од проектот „Скопје 2014“.

Како што опушува Bokun, туристите сè повеќе бараат спокојни и мирни средини, со чиста природа и низок степен на бучавост, што треба да го искористат како предност тур-операторите и агенциите за привлекување нови посетители.

Бегство од прекумерниот туризам

Во анализата на британскиот магазин Метро, исто така се споменува Северна Македонија, како топ дестинација за мирен туризам, токму поради фактот што не е е меѓу најпопуларните туристички дестинации во Европа и светот кои страдаат од феноменот „прекумерен“ туризам.

Прекумерен туризам се однесува на локации кои привлекуваат илјадници посетители, а за чии потребни локалното население и туристичките работници немаат капацитет да ги исполнат. Најпознат ваков пример е италијанскиот град Венеција, каде и покрај бројните такси и ограничувња и натаму собира милиони туристи годишно.

Но, освен избегнување на долгите редици, гужви и загаденост со бучава, туристите бараат и алтернативни локации кои досега не се истражени од глобалните патници, места за кои се знае малку за историјата, храната и природата, и кои се погодни за соло патување.

Предноста на Охридското Езеро е што нема капацитет да прерасне во дестинација за масовен туризам, па така глобалните туристички сајтови оваа дестинација ја препорачуваат како идеална за следните години.

Друга предност која ја наведуваат се и ниските трошоци споредено со останатите европски популарни дестинации, особено за понудата во кафулињата и рестораните.

Исто така македонската туристичка понуда прераснува од попатна точка до главен фокус на балканските или поголемите европски рути на туристите, кои тука застануваат и поминуваат многу повеќе време од планираното, се наведува во извештајот на Метро.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us