РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Турската одбранбена компанија АСЕЛСАН отвори претставништво во Скопје
Tурската одбранбена индустрија постигна важен напредок последниве години, таа го продолжува својот одржлив развој заедно со пријателските и сојузничките земји, изјави претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Халук Ѓорѓун
Турската одбранбена компанија АСЕЛСАН отвори претставништво во Скопје
АСЕЛСАН е една од 10-те најбрзо растечки компании од одбранбената индустрија во светот оваа година / Photo: AA
2 септември 2024

Претставништво на АСЕЛСАН Балканс е отворено во Скопје.

На свеченото отворање присуствуваа заменик-началникот на Генералштабот на Aрмијата на Северна Македонија, Азим Нуредин, претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Халук Ѓорѓун, генералниот директор на АСЕЛСАН, Ахмет Акјол, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

По сечењето лента од страна на членовите на протоколот, претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Ѓорѓун, ги информираше гостите за АСЕЛСАН Балканс.

Во изјавата за медиумите, Ѓорѓун го изрази своето задоволство што е присутен на отворањето на претставништвото на АСЕЛСАН, коe ќе му служи на Балканот.

Посочувајќи дека Tурската одбранбена индустрија постигнала важен напредок последниве години, Ѓорѓун истакна:

„Таа го продолжува својот одржлив развој заедно со пријателските и сојузничките земји. Минатата недела отворивме претставништво на друга компанија на Далечниот Исток. Денес го отвораат претставништвото на АСЕЛСАН на Балканот. Ова претставништво го отворивме на локација од каде може да се стигне во рок од час или два по потреба до каде било во овој регион, кој го нарекуваме Балкан, со цел да се зголеми квалитетот на услугите и сервисот што треба да се обезбедува во континуитет. Водиме сметка сиот наш развој, сите наши можности да ги споделиме со пријателските и сојузничките земји и да работиме заедно.“

Генералниот директор на АСЕЛСАН, Акјол, нагласи дека одбранбената индустрија забележала сериозен пробив во Туркије под раководство на Претседателството на одбранбените индустрии и додаде дека АСЕЛСАН е еден од важните играчи во овој сектор.

Потсетувајќи дека АСЕЛСАН е една од 10-те најбрзо растечки компании од одбранбената индустрија во светот оваа година, Акјол рече:

„Ние се искачивме од 47. на 42. место во рангирањето на светската одбранбена индустрија. Во ова наше патешествие, за главна цел си поставивме овие надлежности да ги зближиме со пријателските и братските земји преку меѓународна соработка. Денеска претставништвото на АСЕЛСАН Балканс е отворено во Скопје, место со кое имаме историска поврзаност и културни врски, и место коешто ќе може да им служи на сите пријателски и сојузнички земји.“

Наведувајќи дека во тој контекст ја развиле оваа меѓународна структура со цел од близу да им се даваат услуги на корисниците од овие простори, да ги поддржат локално и да ги споделат своите надлежности со пријателските и братски земји, Акјол истакна дека верува дека канцеларијата на АСЕЛСАН Балканс ќе биде од корист и за регионот и за земјата и ќе помогне во зголемувањето на соработката.

Заблагодарувајќи им се на сите засегнати страни во Северна Македонија и на Балканот за нивната поддршка, Акјол додаде дека сите земји од Балканот ќе бидат во доменот на должностите на претставништвото.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us