РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ: Воениот рок за мажи би бил 75 дена, за жените доброволен
Новите касарни се фабрики за градовите каде што ќе бидат,  тоа е нов живот во тие градови, тоа е повеќе потрошувачка во рестораните, баровите, во сѐ друго, рече Вучиќ
Вучиќ: Воениот рок за мажи би бил 75 дена, за жените доброволен
Рокот е само 75 дена, пет пати помалку отколку што јас отслужив, значи, навистина не е голем проблем, но за армијата е исклучително важно, рече Вучиќ / Photo: Aleksandar Vucic Instagram
5 септември 2024

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска во Гучево дека со претставниците на армијата разговарал за враќање на редовниот воен рок, кој за мажите би траел 75 дена, додека за жените би бил доброволен и дека би можел да се воведе за околу една година.

„Сега разговаравме за воениот рок и веројатно ќе ја донесеме таа одлука. Во моментов проценките и разговорите сѐ уште не се завршени “, рече Вучиќ за време на обиколката на тактичко-техничкиот корпус на опрема и оружје што го користат припадниците на специјалните единици на српската армија.

Тој додаде дека има уште неколку проблеми, но мора да се обидат да ги зачувуват луѓето во државата.

„Да не нѝ отидат поради екстремно краткиот воен рок, кој би бил задолжителен за мажите, доброволен за жените. Но рокот би бил два месеци плус 15 дена обука, што значи 75 дена. Мислам дека тоа е минимум што секој може да и го даде на својата земја“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека за времето што го поминуваат во касарните на Војската на Србија, ќе им се определи незначителен паричен надомест.

„И таа одлука мораме брзо да ја донесеме, од многу причини, но пред се треба да ги зачуваме оние помлади луѓе кои се поврзани со ИТ секторот и да им дадеме посебни услови за да можат да одат, но мора да се договориме како да го направиме тоа со Воено-техничкиот институт, со нашите единици за врска, за да можат да придонесат со своето знаење без да мора да поминат низ пешадиската обука што ја помина секој од нас и сè друго. Затоа што сакаме да ги зачуваме овие луѓе во оваа земја, и дека тие со своето знаење најмногу придонесуваат за својата земја во тие 75 дена. Така, сега ги бараме сите модалитети и наскоро ќе излеземе пред вас колку и како ќе биде платено, а притоа да обезбедиме најдобри услови за нашите војници“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека се договориле и за обнова на касарните во различни делови на Србија.

„Обврската се сведува на само 75 дена, значи пет пати помалку отколку што јас отслужив. Значи, тоа навистина не е голем проблем, но за нашата армија е исклучително важно. И за нашата целокупна обучена земја. Ова се нови 100 милиони евра во нашиот буџет, но мислиме дека на различни начини ќе им се врати на народот“, рече Вучиќ.

Тој вели дека кога на пример имаш 600-700 војници во Сомбор, тогаш треба да броиш најмалку три јајца дневно, млеко, леб и сѐ останато.

„Тоа се фабрики за градовите каде што ќе бидат. Тоа е нов живот во тие градови, тоа е повеќе потрошувачка во рестораните, баровите, во сѐ друго“, рече Вучиќ.

И Хрватска најави дека од 1 јануари ќе се врати задолжителниот воен рок, кој ќе трае два месеци.

Во 2008 година, Хрватска привремено го суспендираше задолжителниот воен рок и оттогаш тој се отслужува само доброволно.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us