СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Либан: 37 загинати, илјадници повредени во двата брана експлозии
Експлозиите го покажаа единството на либанскиот народ во сите делови на земјата што се соочија со експлозиите, изјави денес либанскиот министер за здравство Фирас Ал-Абиад на прес-конференцијата во Бејрут
Либан: 37 загинати, илјадници повредени во двата брана експлозии
Либанската група Хезболах го обвини Израел дека стои зад експлозиите на уреди и вети одмазда / Photo: Reuters
19 септември 2024

Бројот на загинати во двата брана експлозии на уреди за безжична комуникација во Либан се искачи на 37, а илјадници се повредени, изјави денес либанскиот министер за здравство Фирас Ал-Абиад.

Илјадници пејџери експлодираа во вторникот во главниот град Бејрут и во повеќе делови низ Либан, при што загинаа 12 лица, од кои две деца, а беа повредени 2.323.

Во вториот бран експлозии на уреди вчера загинаа 25 лица, а повредени се 608.

„Експлозиите го покажаа единството на либанскиот народ во сите делови што се соочија со експлозиите“, рече Ал-Абиад на прес-конференцијата во Бејрут. Тој истакна дека стотици лекари и медицински лица итно им укажале помош на повредените од експлозиите, додавајќи дека 287 повредени лица сѐ уште се на одделенијата за интензивна нега.

Министерот за здравство изјави дека неколку арапски земји, исто така, му понудиле медицинска помош на Либан по експлозиите.

Либанската група Хезболах го обвини Израел дека стои зад експлозиите на уреди и вети одмазда.

Од Израел нема коментар за експлозиите што се случија во период на ескалации на прекуграничната војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на израелската смртоносна офанзива во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година досега загинаа речиси 41.300 луѓе, главно жени и деца.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us