СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Повредени 26 полицајци во нередите по натпреварот Џенова-Сампдорија
По првото „Дерби дела Лантерна“ по две години, бидејќи Џенова е во Серија А, додека Сампдорија е во Серија Б, 40 лица завршија во болница, а жешко беше и на теренот каде беа доделени десет жолти и еден црвен картон
Повредени 26 полицајци во нередите по натпреварот Џенова-Сампдорија
Второлигашот Сампдорија победи на пенали и обезбеди осминафинале на Купот на Италија / Photo: U.C. Sampdoria
26 септември 2024

Натпреварите од фудбалскиот Куп на Италија остана во сенка на нередите пред и по мечот во Џенова по кој десетици завршија во болница, но и покрај тоа фудбалерите на Удинезе, Сампдорија и Чезена вчера изборија пласман во осминафиналето.

Во најинтересниот натпревар на вечерта, Сампдорија како гостин со подобро изведување на пенали го совлада градскиот ривал Џенова со 6:5.

Тоа е првото „Дерби дела Лантерна“ по две години, бидејќи клубовите се во различни класи на италијанскиот фудбал. Џенова моментално е во Серија А, додека Сампа е во пониска класа.

Навивачите се судрија на градскиот мост и надвор од стадионот пред натпреварот.

Ултрасите меѓусебно фрлаа пиротехнички средства, шишиња, корпи за отпадоци и сообраќајни знаци. Интервенираа полицијата и карабинерите, кои употребија водени топови за да ги стават под контрола хулиганите, а навивачите во неколку наврати беа растерани.

Судирите меѓу ривалските навивачи по дербито доведоа до хоспитализација на речиси 40 лица, вклучително и 26 полицајци, соопштија властите во четвртокот.

„Жешко“ беше и на теренот, во текот на мечот беа досудени дури 30 фаули, а судијата Федерико Ла Пена покажа 10 жолти и еден црвен.

Домашните поведоа во деветтата минута со голот на Андреј Пинамонти, но Сампдорија успеа да израмни во 83. минута преку Фабио Борини.

Во последните моменти од натпреварот гостите останаа со играч помалку откако беше исклучен Симоне Ромањоли.

Одлуката за победникот на крајот беше решена со удари од пенали. Првите 10 шута завршија со по едно промашување на двете страни.

Кај Џенова во првата серија промаши Мирети, а на спротивната страна во третата серија Бенедети не постигна гол.

Седмата серија реши, Заноли не постигна гол, а Барека ѝ ја донесе победата на Сампдорија, која во следното коло ќе игра против Рома.

На останатите натпревари Удинезе во Удине ја совлада Салернитана со 3:1, па во осминафиналето ќе гостува кај Интер.

Чезена на гостински терен ја победи Пиза со 1:0 во пресметката на двете второлигашки екипи.

Следен противник на Чезена ќе биде Аталанта.

Вечерва се среќаваат Монца - Бреша и Наполи - Палермо.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us