КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Дете киднапирано во 1951 година во САД, пронајдено 70 години подоцна
Првата идеја дека вујко ми можеби сè уште е жив дојде во 2020 година, кога само од забава направив онлајн ДНК тест, рече Алида Алекин, внуката на киднапираниот, која ја продолжила потрагата откако тестот покажал совпаѓање од 22 проценти
Дете киднапирано во 1951 година во САД, пронајдено 70 години подоцна
Луис Армандо Албино (десно) се обедини со својот одамна изгубен брат Роџер / Photo: Alida Alequin
27 септември 2024

Маж. киднапиран како шестгодишно дете додека си играл во парк во Калифорнија во 1951 година, бил пронајден повеќе од седум децении подоцна благодарение на онлајн тест за потекло, како и стари фотографии и исечоци од весници.

Братучетката на Луис Армандо Албино во Оукленд, со помош на полицијата, ФБИ и Министерството за правда, го лоцирала нејзиниот вујко, кој живее на источниот брег на САД.

Албино, кој бил киднапиран во 1951 година, сега е пензиониран пожарникар и виетнамски ветеран, изјави неговата братучетка, 63-годишната Алида Алекин.

Таа го пронашла и го споила со остатокот од семејството во јуни годинава.

Албино исчезнал во 1951 година од парк во Западен Оукленд додека си играл со својот постар брат. Го однела жена која ветила дека ќе му купи слатки. Наместо тоа, жената го киднапирала момчето родено во Порторико и го однела на источниот брег, каде завршил во домот на брачен пар кој го одгледал како свој син.

Повеќе од 70 години неговото вистинско семејство не знаело каде се наоѓа. Неговата мајка починала во 2005 година, но никогаш не престанала да се надева дека Албино е жив.

Полицијата во Оукленд призна дека напорите на неговата внука „играле клучна улога во пронаоѓањето на нејзиниот вујко“.

Според написите во Оукленд Трибјун од времето кога момчето исчезнало, полицијата, војниците од локалната воена база, крајбрежната стража и градските власти се вклучиле во масовната потрага по исчезнатото момче. Биле претресени и заливот Сан Франциско и другите водни патишта, се вели во написите.

Неговиот брат Роџер Албино неколку пати бил испрашуван од инспекторите, но тој останал на својата приказна за жената со марама која го однела брат му.

„Првата идеја дека вујко ми можеби сè уште е жив дојде во 2020 година, кога само од забава направив онлајн ДНК тест“, рече внуката на Албино Алида Алекин.

Тестот покажал совпаѓање од 22 проценти со човекот кој на крајот се покажало дека е нејзиниот вујко.

На почетокот на оваа година таа и нејзините ќерки повторно почнале да бараат.

За време на посетата на библиотеката во Оукленд, таа гледала микрофилм со написи на Трибјун, вклучувајќи го и оној на кој имало слика од Луис и Роџер, што ја убедило дека е на вистинскиот пат. Истиот ден отишла во полиција во Оукленд.

Тие го лоцирале Луис на источниот брег, па тој дал примерок од ДНК, а исто така и неговата сестра - мајката на неговатабратучетка. Инспекторите потоа ѝ рекле дека мажот е пронајден.

„Почнавме да плачеме дури откако истражителите си заминаа. Ја фатив мајка ми за рацете и реков: го најдовме“, рече таа.

Луис за прв пат се сретнал со своето семејство во јуни, а братот последен пат го видел во август - Роџер починал еден месец подоцна.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us