ТУРКИЈЕ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Туристички тури по обновениот кров на Капали чаршија во Истанбул
Специјалните тури организирани на обновениот покрив на Капали чаршија на домашните и странските туристи им овозможува да го истражат Истанбул од една поинаква перспектива и да уживаат во уникатниот поглед на градот и теснецот Босфор
Туристички тури по обновениот кров на Капали чаршија во Истанбул
Капали чаршија има површина од околу 45.000 квадратни метри и со својата архитектура потсетува на огромен лавиринт, а во него има 3.600 продавници, 22 порти и 14 ханови / Photo: AA
28 септември 2024

Турите во Капали чаршија, еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот, организирани за истражување на Истанбул од една поинаква перспектива, му даваат голем придонес на туризмот во турската метропола.

Работите за реставрација продолжуваат во објектот, кој е популарна дестинација за туристите благодарение на својата историска текстура и интензивен комерцијален живот.

Капали чаршија поседува затворена површина од околу 45.000 квадратни метри. Со својата архитектура овој објект потсетува на огромен лавиринт, а во него има 3.600 продавници, 22 порти и 14 ханови.

Специјалните тури организирани на обновениот покрив на Капали чаршија на домашните и странските туристи им овозможува да го истражат Истанбул од една поинаква перспектива.

Туристите од целиот свет имаат можност да уживаат во уникатниот поглед на Истанбул и теснецот Босфор шетајќи по патеките на покривот на Капали чаршија наречени „мачкина патека“.

Сликите од ова несекојдневно доживување туристите го споделуваат на своите профили на социјалните мрежи со ознаки „Капаличарши“, „Сулејманије“, „Истанбул“, „Еминону“.

На тој начин, прошетката по покривот на Капали чаршија ѝ дава светска препознатливост на оваа историска градба.

Фатих Куртулмуш, претседателот на Управниот одбор на сопственици на индивидуалните објекти во Капали чаршија, во својата изјава за дописникот на АА рече дека идејата за туристичка прошетка на покривот е формирана задно со процесот на реставрација на објектот.

Зборувајќи дека реставрацијата не е целосно завршена, Куртулмуш рече: „По завршувањето на реставрацијата на покривот, идејата за споделување на оваа убавина со нашите луѓе и туристите беше многу дискутирана. Идејата за презентација на објектот восветот и во нашата земја кај сите остави убав впечаток. Презедовме акција во таа насока. Продолживме со воведување на потребни правила и прописи“.

Иако Капали чаршија е светски познато место, Куртулмуш рече дека по реставрацијата покривот станал поуреден и повидлив, давајќи голем придонес за земјата и додаде:

„Фактот што покривот на оваа историска чаршија стара 563 години, изградена во 1461 година, го посетуваат луѓето, даде голем придонес за негова препознатливост на светско ниво. Секој турист што дојде беше задоволен бидејќи има можност да го видат Истанбул од една поинаква перспектива. Нѝ се заблагодарија и си заминаа.“

Куртулмуш рече дека на турите организирани по патеките на покривот не се примаат деца под 15 години и возрасни над 80 години.

Туристите пред да се качат на покривот индивидуално се осигуруваат.

Нагласувајќи дека обиколките на покривот организирани преку агенции траат дваесет минути во групи од по десет луѓе, Куртулмуш истакна дека добиле одлични повратни информации за проектот.

„Туристите што доаѓаат тука, уживаат во глетката на Истанбул, а потоа тргуваат во чаршијата. Надоместоците што официјално се добиваат се користат за обнова на нашата Капали чаршија“, информираше Куртулмуш.

Подвлекувајќи дека Капали чаршија лани била домаќин на 44 милиони посетители и дека целта им е посетеност од 50 милиони туристи, Куртулмуш рече дека голем број туристи го посетиле и покривот на Капали Чаршија.

И во иднина ќе се користи при снимање на филмови

Потсетувајќи дека ТВ сериите и понудите за филмови за снимање на овој простор продолжуваат да доаѓаат во изобилство, и дека „Skyfall“, еден од филмовите од серијата за Џејмс Бонд во кој глуми познатиот актер Даниел Крег, е снимен на покривот на Капали чаршија, Куртулмуш продолжи со зборовите:

„Сметаме дека во иднина повторно ќе има вакви снимања. Проекти од овој вид сметаме дека ќе продолжат и во иднина, доколку можат да се изведат под соодветни услови, секако, во согласност со правилата и прописите на објектот, без да се оштети покривот.“

Куртулмуш истакна дека со планираните проектите за реставрација имаат за цел да ја популарираат Капали чаршија како препознатлив објект во светот и додаде дека ќе вложат напори за зголемување на видливоста на историскиот објект.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us