ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турската МИТ неутрализираше еден од водачите на ПКК/КЏК
Според МИТ, Локман Исмаил, со кодно име „Сијар Мухтар“ бил обучуван од лидерот на организацијата, Абдула Оџалан и вршел вооружени активности во Туркије во периодот од 1996 до 2004 година
Турската МИТ неутрализираше еден од водачите на ПКК/КЏК
Утврдено е и дека терористот дал наредба да се бомбардираат два автомобили во населбата Сејхан во Адана во 2019 година / Photo: AA
30 септември 2024

Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) во операција во северен Ирак го неутрализираше Локман Исмаил, со кодно име „Сијар Мухтар“, еден од таканаречените водачи на терористичката организација ПКК/КЏК.

Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ, врз основа на собирање разузнавачки податоци, утврдила дека сирискиот државјанин Исмаил, припадник на ПКК/КЏК, се наоѓа на северот на Ирак.

„Сијар Мухтар“, за кој било утврдено дека бил активен во сепаратистичката организација околу 30 години, бил неутрализиран на местото каде што се наоѓал.

Се наведува Исмаил, бил обучуван од лидерот на организацијата, Абдула Оџалан, вршел вооружени активности во Туркије во периодот од 1996 до 2004 година, а во 2004 година се преселил во регионот Зап и бил обучен во камповите на сепаратистичката организација.

Утврдено е и дека терористот дал наредба да се бомбардираат два автомобили во населбата Сејхан во Адана во 2019 година.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, означена како терористичка организација од Туркије, САД и Европската унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us