КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Женски хор „Менада“ одржа концерт во Истанбул по повод 11 Октомври
„Слободно можам да кажам дека тие се вистинските амбасадори на македонската хорска музика од 1981 година.“
Женски хор „Менада“ одржа концерт во Истанбул по повод 11 Октомври
Женски хор „Менада“ одржа концерт во Истанбул по повод 11 Октомври /  Фото: Озлем Лимон
11 октомври 2024

Македонскиот женски хор „Менада“ одржа концерт пред љубителите на музиката во Туркије во католичка ерменска Катедрала на Пресвета Богородица во истанбулската населба Бејоглу.

На концертот што се одржа во соработка со Здружение на Истанбулската филхармонија присуствуваа Диме Ратајкоски, директор на Центарот за култура на Северна Македонија во Туркије, Јован Манасијевски, амбасадор на Северна Македонија во Анкара, Идрис Фазлиоски, генерален конзул на Северна Македонија во Истанбул, Арманд Шандро, генерален конзул на Албанија во Истанбул и Есма Лајиќ, член на Управниот одбор на Здружението на истанбулската филхармонија.

Диме Ратајкоски, директор на македонскиот Центарот за култура во Туркије пред концертот за АА рече дека хорот „Менада“ е познат женски хор.

„Слободно можам да кажам дека тие се вистинските амбасадори на македонската хорска музика од 1981 година. Мислам дека ќе биде успешен концертот што ќе се одржи под палката на диригентот, маестро Ивица Зориќ пред истанбулската публика и дека турската публика ќе го има тоа задоволство, покрај македонската духовна музика, да ја слушне и православната музика од различни претставници од повеќе православни земји.“

„Турско-македонските односи се градат на доверба и меѓусебно почитување“

Македонскиот амбасадор во Анкара Јован Манасијевски во своето обраќање пред концертот на турски рече: „Добредојдовте на сите“ и „Чест и задоволство нѝ е што сите ве угостивме заедно да го прославиме нашиот национален ден, Денот на македонското востание. Овој ден го славиме во сеќавање на вековниот копнеж и слава на македонскиот народ кон неговата држава и независност. Турско-македонските односи се градат врз многу цврсти темели на доверба и меѓусебно почитување.“

Есма Лајиќ, член на Управниот одбор на Здружение на Истанбулската филхармонија, рече дека соработуваат со Центарот за култура на Северна Македонија долги години и додаде:

„Културата и уметноста се мост на пријателство меѓу народите. Врз основа на тоа, овие уметници на класичната музика од Северна Македонија благодарение на Центарот за култура на Северна Македонија во Туркије имаат настап во Истанбул, што е пример за добрата соработка меѓу двете земји“.

Женскиот хор „Менада“

Хорот Менада е основан во 1981 година од маестро проф. Ивица Зориќ во градот Тетово.

Зориќ го водеше хорот од неговото основање, обезбедувајќи „Менада“ да има истакната репутација на меѓународната сцена и стана познат како „Светски амбасадори на македонска хорска музика“.

Хорот „Менада“ покрај духовна музика, во својата програма изведува и популарни македонски народни песни.

Комбинирајќи ги светите и традиционалните елементи, хорот ја отсликува богатата културна и музичка ризница на Северна Македонија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us