21 ноември 2024
Снегот што почна да паѓа во текот на вчерашниот ден во поголемиот дел од Босна и Херцеговина, синоќа го прекри и главниот град Сараево.
Иако предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во најфреквентниот дел од денот, кога голем број граѓани се враќаат дома од работа, училиште и факултет, првиот снег сезонава донесе идилични глетки на улиците на Сараево.
По период на интензивно загадување, снежните врнежи донесоа нешто почист воздух во градот.
Според прогнозата, утревечер во Сараево се очекуваат нови врнежи.