РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Сараево утрово е со најзагаден воздух во светот, Скопје на петата позиција
Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312, а во топ десет најзагадени градови утрово се и Скопје на петото место со индекс на загадување 172 и Приштина на десетото место со 122
Сараево утрово е со најзагаден воздух во светот, Скопје на петата позиција
Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во БиХ, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден / Photo: AA
27 ноември 2024

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“.

Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312.

Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 259, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 225 и Кувајт (Кувајт) со индекс 177.

Петиот град на листата е Скопје, каде квалитетот на воздухот е оценет со индекс 173, а во топ десет најзагадени градови утрово е и Приштина со индекс 127.

Швајцарскиот „IQAir“ има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и го покажува квалитетот на воздухот низ целата планета.

Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во Босна и Херцеговина, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден, а најголеми причинители за загадувањето се индустриските постројки, сообраќајот, согорувањето на отпадот и индивидуалните камини.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us