СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Европскиот совет ја именуваше новата Европска комисија
Европскиот совет денеска ја именуваше Европската комисија по писмена постапка за периодот од 1 декември 2024 година до 31 октомври 2029 година, со што го направи последниот чекор во постапката пред нејзиното преземање на функцијата
Европскиот совет ја именуваше новата Европска комисија
Назначувањето дојде откако Европскиот парламент во средата ја одобри новата Комисија, со која повторно ќе раководи Урсула фон дер Лајен / Photo: Reuters
28 ноември 2024

Европскиот совет денеска официјално ја именуваше новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен, со што го направи последниот чекор во постапката за формирање на Комисијата пред нејзиното преземање на функцијата на 1 декември годинава.

„Европскиот совет денеска ја именуваше Европската комисија по писмена постапка за периодот од 1 декември 2024 година до 31 октомври 2029 година“, соопштија од институцијата.

Назначувањето дојде откако Европскиот парламент во средата ја одобри новата Комисија, со која повторно ќе раководи Урсула фон дер Лајен во следните пет години.

Според Договорот за ЕУ, врз основа на согласност на Европскиот парламент, Комисијата ја именува Европскиот совет со квалификувано мнозинство.

Во рамките на новата Комисија, функцијата комесар за проширување ќе ја врши Марта Кос од Словенија, додека висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ќе биде Каја Калас од Естонија.

Калас исто така ќе биде еден од шесте извршни потпретседатели на Комисијата, заедно со Тереза ​​Рибера од Шпанија, која ќе биде одговорна за чиста, фер и конкурентна транзиција, Роксане Минзату од Романија, која ќе биде извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност, и Хене Виркунен од Финска, кој ќе биде извршен потпретседател за технолошки суверенитет, безбедност и демократија.

Функциите на извршни потпретседатели ќе ги извршуваат и Стефан Сежурне од Франција, кој ќе биде задолжен за просперитет и индустриска стратегија и Рафаеле Фито од Италија, кој ќе биде извршен потпретседател за кохезија и реформи.

Меѓу останатите 20 членови на новата Комисија е и Марта Кос од Словенија, која ќе биде новиот комесар за проширување, додека актуелниот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји од Унгарија ќе биде комесар за здравје и благосостојба на животните.

Марош Шевчовиќ од Словачка ќе биде комесар за трговска и економска безбедност, како и комесар за меѓуинституционални односи и транспарентност, Глен Микалеф од Малта ќе биде комесар за меѓугенерациска правда, култура, млади и спорт, Кристоф Хенсен од Луксембург комесар за земјоделство и храна, а Апостолос Цицикоскостас од Грција, комесар за одржлив транспорт и туризам.

Мајкл Мекграт од Ирска ќе ја преземе функцијата комесар за демократија, правда и владеење на правото, Дан Јергенсон од Данска како комесар за енергија и домување, Џесика Росвал од Шведска како комесар за животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија и Екатерина Захариева од Бугарија како комесар за стартапи, истражување и иновации.

Комесар за Медитеранот ќе биде Дубравка Шуица од Хрватска, а за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер од Австрија.

Белгијката Аѓа Лабиб ќе биде комесар за подготвеност, управување со кризи и еднаквост, Кипарецот Костас Кадис комесар за рибарство и океани, Португалецот Марија Луис Албугерке комесар за финансиски услуги и унија за штедење и инвестиции, Чехот Јозеф Сикела ќе биде комесар за меѓународни партнерства и Литванецот Андријус Кубилијус комесар за одбрана и космос.

Комесар за клима и чист раст ќе биде Вопке Хоекстра од Холандија, додека комесар за буџет, борба против измами и јавна администрација ќе биде Пјотр Серафин од Полска, а Летонецот Валдис Домбровскис ќе биде комесар за економија и продуктивност, како и комесар за имплементација и поедноставувања.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us