СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кремљ одби да ги коментира шпекулациите за падот на „Азербејџан ерлајнс“
Маулен Ашимбаев, претседател на Сенатот на Казахстан, повика да не се донесуваат предвремени заклучоци од снимката на авионот што се урна вчера во близина на градот Актау, предупредувајќи дека некои се обидуваат да извлечат корист од шпекулациите
Кремљ одби да ги коментира шпекулациите за падот на „Азербејџан ерлајнс“
Во несреќата загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, соопштија казахстанските власти / Photo: AA
26 декември 2024

Кремљ денес одби да ги коментира јавувањата на медиумите во кои се тврди дека авионската несреќа на „Азербејџан ерлајнс“ била резултат на напад.

На брифингот со новинарите во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повика сите да го почекаат крајот на истрагата што ја започнаа казахстанските власти заедно со специјалната работна група од Азербејџан.

Во посебна изјава Маулен Ашимбаев, претседател на Сенатот на Казахстан, повика да не се донесуваат предвремени заклучоци од снимката на авионот што се урна вчера во близина на каспискиот град Актау, предупредувајќи дека некои се обидуваат да извлечат корист од шпекулациите.

„Тоа се шпекулации и неосновани изјави. И погрешно е да се шират такви изјави, тоа е неетички, показател е дека одредени луѓе сакаат да ‘заработат’ одредена придобивка за себе во оваа ситуација“, истакна тој.

Големите дупки на опашката на авионот поттикнаа шпекулации дека тој е соборен од напад.

Дупките што се гледаат на снимките од местото на несреќата се чини дека се предизвикани од оган од оружје, според мислењето на некои онлајн коментатори.

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ со 67 патници, кој патуваше од главниот град на Азербејџан, Баку, кон Грозни, Чеченија, се урна вчера во близина на казахстанскиот град Актау.

Во несреќата загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, соопштија казахстанските власти.

Денешниот ден е прогласен за ден на национална жалост во Азербејџан поради несреќата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us