СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ј. Кореа: Истрагата за авионската несреќа фокусирана на можен удар на птица
Иако може да бидат потребни месеци за да се дешифрира рекордерот за податоци за летот, кој беше оштетен во несреќата, иследниците се фокусираат на удари од птици на меѓународниот аеродром Муан, 288 километри југозападно од главниот град Сеул
Ј. Кореа: Истрагата за авионската несреќа фокусирана на можен удар на птица
Во несреќата загинаа 179 патници, откако авионот по слетувањето удрил во ѕид на аеродромот, кој се наоѓа во близина на познато живеалиште на птици преселници / Photo: Reuters
30 декември 2024

Јужна Кореја во понеделникот ја продолжија истрагата за смртоносната авионска несреќа на јужнокорејскиот „Боинг 737-800“ на компанија „Џеџу Ер“ во неделата, во која загинаа 179 патници и членови на екипажот, фокусирајќи се на можен удар на птица.

Иако може да бидат потребни месеци за да се дешифрира рекордерот за податоци за летот, познат како „црна кутија“, кој беше оштетен во несреќата, иследниците се фокусираат на удари од птици на меѓународниот аеродром Муан, 288 километри југозападно од главниот град Сеул.

Аеродромот се наоѓа во близина на познато живеалиште на птици преселници во провинцијата Јужна Џеола, а нацијата на далечниот исток прогласи национална жалост, а речиси сите новогодишни настани се откажани.

Сите патници биле од Јужна Кореја, освен двајца од Тајланд, од каде што авионот полетал за Јужна Кореја.

Утврден е идентитетот на 141 жртва.

Патник и член на екипажот се спасени живи од опашката на авионот, која останала цела откако леталото удрило во ѕидот на аеродромот рано во неделата.

Тоа беше најсмртоносната авијациска несреќа во која учествуваше авион на домашната компанија во Јужна Кореја од 1997 година, кога се урна авион на „Корејски ер“ во Гуам, при што загинаа 225 лица.

Пилотот на „Џеџу Ер“ наводно, и рекол на контролата на летање дека патничкиот авион бил удрен од птица пред да се урне.

Исто така, беше објавено дека „само едно лице работело на должности за спречување на удар на птици“ кога се случила несреќата.

На јужнокорејските власти ќе им се придружи тим од Федералната управа за авијација на САД, како и претставници на Боинг, за да ја поддржат тековната истрага, објави Јонхап њуз.

Црната кутија може да биде испратена во САД на дешифрирање.

Додека првичната истрага е насочена кон дефектот на трите тркала, според дневниот весник „Кореа Хералд“, извештајот нарачан од владата во 2020 година „предупредуваза проблеми со удари од птици“ за меѓународниот аеродром Муан.

Постои „значителна опасност од удар на птици кога авион полетува или слета на аеродромот, се вели во извештајот, повикувајќи се на мерки за намалување на таквите ризици.

Во понеделникот, вториот лет на „Џеџу Ер“ се врати на аеродромот по полетувањето „поради истиот проблем со опремата за слетување“, а властите, исто така, наредија проверка на сите патнички авиони Боинг 737-800 што ги користаткомпаниите во земјата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us