СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Јужнокорејската полиција врши претреси поради авионската несреќа
Полициските тимови извршија претреси во канцеларии во главниот град Сеул, меѓународниот аеродром Муан, канцеларијата на компанијата „Џеџу Ер“ и други локации по несреќата во неделата во која учествуваше авион Боинг 737-800
Јужнокорејската полиција врши претреси поради авионската несреќа
Во несреќата загинаа 179 лица, само две стјуардеси се спасени живи од опашката на авионот, кој се запали по ударот во ѕид / Photo: AFP
2 јануари 2025

Јужнокорејската полиција во четвртокот изврши претреси на неколку места и спроведува операции за пребарување и заплена како дел од истрагата за смртоносната воздушна несреќа во неделата, во која загинаа 179 лица.

Полициските тимови извршија рација во канцелариите во главниот град Сеул, меѓународниот аеродром Муан, 288 километри југозападно од главниот град, канцеларијата на „Џеџу Ер“ и други локации.

Налози за претрес беа издадени по смртоносната воздушна несреќа во неделата во која учествуваше авионот Боинг 737-800 на Џеџу Ер кој полета од Тајланд и се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, лоциран во близина на познато живеалиште на птици преселници во провинцијата Јужна Џеола.

Само две стјуардеси се спасени живи од опашката на авионот, кој се запали по ударот во ѕид.

Полицијата поднесе пријава за професионално невнимание со последица смрт.

Инспекторите од Јужна Кореја, САД, како и од Боинг ја бараат причината за авионската несреќа.

Пилотот на паднатиот авион, наводно, рекол дека авионот бил удрен од птица, но сè уште не е утврдена дефинитивна причина.

Според податоците, авионот извршил 13 летови во рок од 48 часа пред трагедијата, а сите три тркала за слетување не функционирале во неделата.

Откако направил круг над аеродромот, авионот стомачно слетал на аеродромот, се излизгал од пистата, удрил во ѕид и експлодирал во пламен.

Инспекторите го истражуваат значењето на ѕидот на крајот од пистата на аеродромот кој беше затворен до 7 јануари.

Снимачот на летот, односно „црната кутија“ на авионот е оштетен и властите работат на негово испраќање во САД на дешифрирање.

Јужна Кореја прогласи седумдневна национална жалост поради трагедијата, која беше најсмртоносната несреќа во последните три децении, а властите ги идентификуваа сите жртви и нивните останки им беа дадени на нивните семејства.

Две од жртвите се тајландски државјани.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us