РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Три жени од Грчец загинаа во „аудито“ кое падна во Вардар кај Рашче
Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ „Тигар“ и Единицата за брзо распоредување трага по А.А. (55), роднина на починатите, кој бил во возилото, велат од МВР
Три жени од Грчец загинаа во „аудито“ кое падна во Вардар кај Рашче
Во несреќата полесно е повредено четиригодишно дете, кое според очевидци, излетало од возилото пред тоа да падне во реката / Photo: МВР на РСМ
3 јануари 2025

Три жени од скопското село Грчец загинале кога автомобилот во кој се возеле вчера излетал од локалниот пат Сарај- село Рашче и паднал во водите на реката Вардар, соопшти МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 16 часот, по што на местото се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.

„Околу 21 часот полициски службеници од САЕ „Тигар“ од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција“ рекоа од МВР.

Во несреќата полесно е повредено четиригодишно дете-сопатник, кое според очевидци, излетало од возилото пред тоа да падне во реката. Случајни минувачи го однеле детето во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираат дека се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

„Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ „Тигар“ и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

За несреќата се огласија и од Основното јавно обвинителство Скопје.

„И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар. Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите“, соопштија од ОЈО.

Обвинителството ќе даде наредба за вештачење на автомобилот.

По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us