СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Птици виновни за авионската несреќа во Ј. Кореја во која загинаа 179 луѓе
Авионот Боинг 737-800 на Џеџу Ер се урнал при слетување на меѓународниот аеродром Муан откако во моторите удрило јато птици, утврдил извештајот од прелиминарната истрага, иако властите се уште не ја утврдиле точната причина за несреќата
Птици виновни за авионската несреќа во Ј. Кореја во која загинаа 179 луѓе
Според првичните наоди од истрагата, пердуви и дамки од птичја крв биле пронајдени во двата мотори на авионот / Photo: Reuters
27 јануари 2025

Извештајот од прелиминарната истрага за авионската несреќа во Јужна Кореја минатиот месец потврди дека јато птици удрило во моторите на авионот, иако властите се уште не ја утврдиле точната причина за несреќата, во која загинаа 179 луѓе.

Само две стјуардеси се спасени живи од опашката на авионот, кој се запали по ударот во ѕид.

Авионот Боинг 737-800 на Џеџу Ер полетал од Тајланд и се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, лоциран во близина на познато живеалиште на птици преселници во провинцијата Јужна Џеола.

Според првичните наоди од истрагата, пердуви и дамки од птичја крв биле пронајдени во двата мотори на авиони.

Како што е потврдено со ДНК-анализа, станува збор за локален вид патка преселница, се наведува во извештајот на истрагата и се додава дека црната кутија на авионот престанала да снима околу четири минути пред падот.

Јужнокорејските власти претходно соопштија дека ќе отстранат бетонска конструкција на крајот од пистата на која се сместени комплет антени, откако некои експерти изјавија дека тоа ги влошило последиците од несреќата.

Боингот 737-800 излетал од аеродромската писта при слетувањето и удрил во бетонскиот ѕид, а потоа се запалил.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us