Први критики за заштита на приватноста на „кинескиот Чат ГПТ“
Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ненадејниот пораст на кинеската апликација за вештачка интелигенција Дип Сик треба да биде „повик за будење“ за американските технолошки компании
Први критики за заштита на приватноста на „кинескиот Чат ГПТ“
Нудејќи поефикасна и поисплатлива алтернатива на Чат ГПТ на Опен АИ, Дип Сик ги разбранува западните технолошки гиганти / Фото: AFP
28 јануари 2025

Австралискиот министер за индустрија и наука Ед Хусиќ изрази загриженост за заштита на приватноста на новиот кинески чет-бот за вештачка интелигенција Дип Сик (DeepSeek), повикувајќи ги корисниците внимателно да размислат пред да го преземат.

„Мислам дека луѓето природно ќе сакаат да го испробаат. Мислам дека ќе има паралели со она што го видовте со дискусијата околу Тик Ток кои ќе се појават и околу Дип Сик. Не би бил изненаден ако тоа ни се повтори“, рече Хусиќ.

Австралискиот министер рече дека Кина од последната деценија е решена да биде светски лидер во вештачката интелигенција и повика на претпазливост при преземањето на кинеската апликација.

Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ненадејниот пораст на кинеската апликација за вештачка интелигенција Дип Сик треба да биде „повик за будење“ за американските технолошки компании.

Нудејќи поефикасна и поисплатлива алтернатива на Чат ГПТ на Опен АИ, Дип Сик ги разбранува западните технолошки гиганти.

Поддржан од кинескиот хеџ фонд Хај Флајер, Дип Сик го лансираше својот голем јазичен модел Р1 на 20 јануари.

За разлика од платформата заснована на претплата и затворен код на Чат ГПТ, со цена од 200 долари месечно, Р1 е целосно со отворен код и бесплатен, дозволувајќи им на корисниците да пристапат и да работат со него на секој хардвер без ограничувања.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us