СПОРТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Реал, ПСЖ, ПСВ и Борусија Дортмунд осминафиналисти во Лигата на шампиони
Реал во Мадрид го победи Сити со 3:1, ПСЖ го совлада Брест со вкупни 10:0, Борусија по победата од 0:3 во Лисабон одиграа реми во реваншот против Спортинг, а ПСВ беше подобар од Јувентус откако славеше со 1:3 по продолжението во Торино
Реал, ПСЖ, ПСВ и Борусија Дортмунд осминафиналисти во Лигата на шампиони
Килијан Мбапе е херојот на Реал, постигнувајќи хет-трик / Photo: AA
19 февруари 2025

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го продолжи патот кон одбрана на титулата откако го елиминира Манчестер Сити во плеј-офот со вкупни 6:3.

По победата со 2:3 во Манчестер, Реал на свој терен го совлада Сити со 3:1.

Тоа беше четврта последователна сезона во која Реал и Сити се сретнаа во нокаут фазата од Лигата на шампионите и трето славје за Шпанците.

Лани Реал славеше во четвртфиналето, пред две години Сити во полуфиналето, а во 2022 година Реал беше подобар во полуфиналето.

Реал поведе уште во 5.минута со голот на Мбапе. Французинот ја искористи долгата топка на Асенсио од половината на Реал и несмасноста на Диас, кој се лизна додека го чуваше Мбапе, а напаѓачот на Реал лесно со лоб удар погоди за 1:0.

Лошиот старт на Сити продолжи во 12.минута кога Пеп Гвардиола мораше веднаш да го замени повредениот Стоунс.

Французинот го постигна вториот гол во 35. минута. Винисиус се проби на десната страна и му ја додаде топката на Родриго, кој му асистираше на Мбапе, кој го издрибла Гвардиол и погоди покрај немоќниот Едерсон.

Третиот гол на натпреварот го постигна Мбапе во 61. минута со удар од работ на шеснаесетникот.

Фудбалерот на Сити Омар Мармус во 90+1. минута од слободен удар ја погоди гредата, а одбиената топка Нико Гонзалес ја уфрли во голот.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во петок во Нион, а потенцијални противници на Реал се градскиот ривал Атлетико или Баер Леверкузен.

Пари Сен Жермен рутински ја заврши плеј-оф рундата, совладувајќи го Брест со вкупни 10:0.

ПСЖ победи со 0:3 на гости, а беше уште поубедлив на „Паркот на принцовите“ победувајќи со 7:0.

За парискиот тим погодија Баркола (20), Кваратшхелија (39), Витиња (59), Дезир Дуе (64), Нуно Мендес (69), Гонкало Рамос (76) и Сени Мајулу (86).

ПСВ Ајндховен го победи Јувентус со 3:1 по дополнителните 30 минути, откако во регуларниот дел од мечот заврши 2:1, резултат со кој тимот од Торино славеше на домашен терен.

По првото полувреме во Ајндховен немаше голови. Сепак, во второто полувреме се случија многу возбудувања.

ПСВ поведе со голот на Иван Перишиќ во 53 минута, а Јувентус возврати 10 минути подоцна кога Тимоти Веа израмни на 1:1.

Возбудувањата продолжија со погодокот на Саибари во 74 минута, по асистенцијата на Перишиќ, за водство на ПСВ од 2:1, резултат идентичен од првата средба кој остана до крајот, па се играа дополнителни 30 минути.

Решавачкиот гол го постигна Фламинго во 98. минута. Бакајоко се проби по десната страна, а по збрката во гостинската одбрана, Фламинго немаше тешка задача да ја испрати топката во мрежата.

Од друга страна, Јувентус можеше да се врати во „живот“, откако Влаховиќ ја погоди стативата.

До крајот на натпреварот гостите не усепаја да се заканат, па го завршија натпреварувањето во ЛШ.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд по убедливата победа од 0:3 во Лисабон одиграа само реми во реваншот против Спортинг, што беше доволно за пласман во осинафиналето на ЛШ.

Најголемата шанса Борусија ја имаше во првото полувреме во 27. минута. Сабицер извонредно шутираше од врвот на шеснаесетникот, но Руи Силва со последен обид го спаси голот.

Второто полувреме започна со добриот удар на Адејеми кој многу брзо потоа изнуди пенал за домашните. Голманот на гостите Руи Силва го фаулираше, но потоа се искупи за грешката така што го одбрани пеналот на Гуираси во 59. минута.

Во 73. минута конечно се затресе мрежата на гостите. Емре Џан постигна гол, но шутираше од офсајд. Домашниот тим продолжи да напаѓа до крајот, но натпреварот заврши без голови.

Во осминафиналето Борусија ќе игра против Лил или Астон Вила.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us