СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мадридското дерби Реал- Атлетико, ПСЖ против Ливерпул во 1/8 финалето на ЛШ
Во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека секој од клубовите го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен
Мадридското дерби Реал- Атлетико, ПСЖ против Ливерпул во 1/8 финалето на ЛШ
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, реваншите се на 11 и 12 март / Others
21 февруари 2025

Во петокот во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Од осминафиналните двојки се издвојуваат дуелите помеѓу ПСЖ и Ливерпул, мадридската пресметка помеѓу Реал и Атлетико и германското дерби меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Исто така, познато е дека во четвртфиналето победникот од натпреварот ПСЖ - Ливерпул ќе игра против победникот од натпреварот Клуб Бриж - Астон Вила, победникот од натпреварот ПСВ Ајндховен - Арсенал ќе игра против победникот од натпреварот Реал - Атлетико, победникот од натпреварот Бенфика - Ливерпул, победникот од мечот Бенфика - Барселона, победникот од Баер - Баерн против Феенорд или Интер.

Една половина од ждрепката ја сочинуваат ПСЖ, Ливерпул, Клуб Бриж, Астон Вила, ПСВ, Арсенал, Реал и Атлетико, а еден од овие осум клуба во финалето ќе се соочи со еден од следните осум клуба: Бенфика, Барселона, Борусија Дортмунд, Лил, Баерн, Баер, Феенорд, Интер.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, реваншите се на 11 и 12 март, а четвртфиналните на 8 и 9 април и 15 и 16. април, а за полуфиналето на 29-30 април и 6-7 мај.

Осминафинале:

ПСЖ - Ливерпул

Клуб Бриж - Астон Вила

Реал Мадрид - Атлетико Мадрид

ПСВ Ајндховен - Арсенал

Бенфика - Барселона

Борусија Дортмунд - Лил

Баерн - Баерн

Феенорд - Интер

Четвртфинале:

1: ПСЖ/Ливерпул - Клуб Бриж/Астон Вила

2: ПСВ/Арсенал - Реал/Атлетико

3: Бенфика/Барселона - Борусија Дортмунд/Лил

4: Баерн/Баер - Феенорд/Интер

Полуфинале:

Победник на четвртфинале 2 - Победник на четвртфинале 1

Победник на четвртфинале 3 - Победник на четвртфинале 4

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us